Хорор филм во погребална служба: Директорка ги носела телата на мали умрени бебиња дома и им читала приказни пред спиење
Директорка на погребално претпријатие од Англија, Ејми Аптон (38), шокирала родители кога ги носела телата на нивните починати бебиња дома, им читала приказни и уверувала дека „никогаш не се сами“. Нејзините постапки предизвикаа бурни реакции, а најтажните – родителите, биле ужаснати гледајќи ги своите деца во нејзината дневна додека чекале за погреб.
In This Article:
Мајка во шок: Нејзиното бебе седело пред телевизор, покрај уште едно бебешко тело на каучот
32-годишната Зои Вард ја викнала мајка си со крик поради тоа што го видела својот син Блу „седнат пред телевизорот како гледа цртани“ во дневната соба на Аптон, додека уште едно бебе лежело на троседот. „Таа ми рече: „Влези, гледаме PJ Masks“. Тоа беше ужасна глетка”.
Аптон тврди дека само сакала да помогне
Аптон создала своја погребална служба, Florrie’s Army, по загубата на сопственото неродено дете. Со солзи во очите, тврди дека ги чувала бебињата во чиста состојба, секогаш била покрај нив и дека „не се распаѓале или мирисале“, за разлика од тврдењата на мајките. „Не наоѓате медицински сестри кои им читаат приказни на мртви бебиња. Јас тоа го правев“.
Лична трагедија: Аптон поради семејно насилство ја губи својата ќерка
Сопствената ќерка на Аптон, Флоренс, се родила мртва на 29 недели поради постојано физичко насилство од поранешниот партнер. Напаѓачот бил осуден на две години затвор. Лидс Тичинг Хоспиталс Траст ја забрани Аптон од сите болнички мртовечници и породилишта откако доби неколку сериозни поплаки за нејзината работа.
Нема закони, нема регулација
Индустријата за погребални услуги во Англија и Велс е нерегулирана – нема законски барања за чување на телата или квалификации за професијата. Неодамна беше препорачано воведување строги регулативи за да се заштитат достоинството и безбедноста на починатите, бидејќи секој може да отвори погребална служба, да работи од дома и телата да ги чува во гаражите.