No Image x 0.00 + POST No Image

Што е „аеродромски развод“? Новиот тренд што им помага на паровите да избегнат кавги пред лет

SHARE
0

Сте слушнале за „развод за спиење“, кога партнерите избираат да спијат одделно за подобар одмор. Но што е со „аеродромскиот развод“? Очигледно, се повеќе парови бараат начини да го намалат стресот од патување, а во исто време да ја заштитат врската. Еден таков начин е токму аеродромскиот развод. Ова привремено разделување пред лет се тврди дека спасило многу парови од ситни кавги и непотребна напнатост.

Што е „аеродромски развод“? Новиот тренд што им помага на паровите да избегнат кавги пред лет

Не е раскинување, туку кратка пауза додека секој си ги завршува своите работи пред качување

Аеродромски развод, всушност, не е развод, па дури ни раскинување или некаков вид разделба. Наместо тоа, станува збор за кратко, заемно разделување меѓу партнерите додека ги поминуваат задачите пред лет. Со други зборови, наместо заедно да ги трпите стресните аеродромски активности, си давате простор еден на друг, па повторно се среќавате за летот.

Не е раскинување, туку кратка пауза додека секој си ги завршува своите работи пред качување

Во Sunday Times терминот бил опишан како „да се разделите по безбедносната контрола“

Британскиот новинар Хју Оливер го воведе терминот во својата патувачка колумна во Sunday Times минатото лето, дефинирајки го како „разделување по поминувањето низ безбедносната контрола и повторно срекавање околу еден час подоцна во авионот“. Тој спомна дека тој и неговата сопруга, Морвена, се договориле за „аеродромски развод“ за да избегнат конфликт додека патуваат заедно.

Во Sunday Times терминот бил опишан како „да се разделите по безбедносната контрола“

„На аеродромот се преобразуваме, како врколаци, во непрепознатливи суштества“

„Ако ги гледаме работите во рамката на теоријата за личности од тип А/Б, во животот надвор од аеродром би рекол дека, како повеќето луѓе, и двајцата сме некаде меѓу А (организиран, мисли дека управувањето со времето е секси) и Б (опуштен, склон да доцни). На аеродромот се преобразуваме, како врколаци, во непрепознатливи суштества“, напиша тој. „Јас ја засилувам мојата невротична страна од тип А; Морвена ја прифаќа својата опуштена личност од тип Б (што е уште потешко да се сфати бидејки во вистинскиот свет таа е пет минути порано за се). Ние не сме нашите наjдобри, урамнотежени јас.“

„На аеродромот се преобразуваме, како врколаци, во непрепознатливи суштества“

Едниот може да чека еден час, другиот да бара книги и грицки без да гледа на часовник

И така, решението? Да се разделите и секој да си го прави своето, наместо насила да се обидувате да бидете усогласени во стресот пред лет. Еден партнер може мирно да седи и да чека еден час пред качувањето, додека другиот може да разгледува аеродромски продавници за книги и грицки, без да биде вознемирен од времето. Така, никој не е принуден да прави нешто што не сака. Сите знаеме дека напнатоста на аеродромите е висока, барем кај мене е така. Многу луѓе се анксиозни патници или имаат страв од летање, додека други лесно се вознемируваат при минување низ аеродромска безбедносна контрола или при снаоѓање низ различни терминали. Кога си дозволувате еден на друг работите да ги правите на свој начин, избегнувате можни засилени реакции и кавги.

Едниот може да чека еден час, другиот да бара книги и грицки без да гледа на часовник

Како „разводот за спиење“, и ова функционира само ако двајцата се согласни

Можеби за да избегнат вистински развод, многу луѓе избираат вакви стратегии во врската за да ја заштитат врската и личните слободи. На пример, некои луге целосно го поддржуваат „разводот за спиење“, што во основа значи спиење во одделни кревети или соби. Крајната цел е подобар сон без меѓусебно вознемирување. Како и со аеродромскиот развод, ако двете страни се согласни, зошто да не?

Како „разводот за спиење“, и ова функционира само ако двајцата се согласни

На вракање од Аликанте, таа гледала маслинки и инчуни, тој пиел Estrella

За Оливер и неговата сопруга, аеродромскиот развод ги спасил од потенциално стресна и напната ситуациjа, што никогаш не е идеално пред да фатите лет со саканата личност. „На тоа патување назад од Аликанте, таа си го правеше своето, јас си го правев моето. Таа ги разгледуваше конзервите со маслинки и инчуни; јас испив една Estrella и ја прегледував таблата со информации за летови“, напиша Оливер. „Бев вознемирен во нејзино име. Си упативме лоши погледи преку излезот додека јас стоев во ред, а таа лежерно седеше. Но освен тоа ... во целина беше многу помалку напорно искуство.“

На вракање од Аликанте, таа гледала маслинки и инчуни, тој пиел Estrella

-->