No Image x 0.00 + POST No Image

Херојот од Бонди Бич, доби чек од 1,6 милиони долари но праша: Дали вистина го заслужувам ова?

SHARE
25

Ахмед ал Ахмед, човекот кој се соочи со еден од терористите среде масакрот и го совлада, доби чек од 2,5 милиони австралиски долари, што е околу 1,65 милиони американски долари. За време на доделувањето, уште во болничкиот кревет каде закрепнува овој скромен херој праша: „Дали вистина го заслужувам ова?“.

Херојот од Бонди Бич, доби чек од 1,6 милиони долари но праша: Дали вистина го заслужувам ова?

43.000 луѓе ширум светот собраа 2,5 милиони австралиски долари за херојот Ахмед ал Ахмед

Помошта за Ахмед дојде од 43.000 донации, што претставува огромна поддршка за сирискиот татко на две деца. За жал, и покрај тоа што ги спаси животите на многумина, одредени луѓе од неговиот народ го нарекоа предавник, бидејќи им помогнал на Евреите.

43.000 луѓе ширум светот собраа 2,5 милиони австралиски долари за херојот Ахмед ал Ахмед

Скромност наспроти храброст: „Дали го заслужувам секој денар?“

Кога социјалниот инфлуенсер Закери Дерениовски му го донесе огромниот чек, Ахмед му се обрати збунето: „Дали го заслужувам?“ На што Дерениовски го увери: „Секој денар.“ Ахмед, сопственик на продавница за тутун, пред нападот се криел зад паркирани возила од огнот, но потоа храбро се залетал одзади на вооружениот напаѓач, го грабнал оружјето и го соборил, притоа ранет од другиот терорист.

Скромност наспроти храброст: „Дали го заслужувам секој денар?“

Ахмед: „Мислев дека ќе умрам, но трчав да спасам луѓе“

„Ќе умрам – кажи им на моето семејство дека загинав спасувајќи животи,“ му кажал Ахмед на својот братучед непосредно пред да се впушти во борбата. Еден од терористите инспирирани од ИСИС, Саџид Акрам, беше убиен од полицијата, а неговиот син Навид Акрам, 24 години, е ранет и приведен.

Ахмед: „Мислев дека ќе умрам, но трчав да спасам луѓе“

Во арапскиот дел од светот, Ахмед доби навреди наместо благодарност

Иако Ахмед спаси голем број животи, неговиот подвиг беше омаловажен од повеќето арапски коментатори на Фејсбук страницата на Ramallah News. Над 75% од над 1.000 коментари биле негативни, при што, според извештајот, некои коментари велат: „Алах да не те излечи“ и го обвинија дека го „продал животот за безбедноста на Евреите“.

Во арапскиот дел од светот, Ахмед доби навреди наместо благодарност

Австралија го слави Ахмед како национален херој – и премиерот лично го посети во болница

И покрај критиките од страна, во Австралија Ахмед е прогласен за херој. На посетата во болницата му дојдоа премиерот и премиерот на државата за да го пофалат за неговата храброст. Кога го прашаа што би рекол на тие што донираа, Ахмед изјави: „Да бидеме заедно, сите луѓе. И да ја заборавиме секоја злоба... и да продолжиме да спасуваме животи." Ахмед ја крена својата тупаница во воздух објаснувајќи: „Кога ги спасив луѓето, тоа беше од срце. Оваа земја е најдобра земја во светот, најдобра во светот, но не можеме да стоиме и да гледаме – доста е. Бог да ја чува Австралија.“

Австралија го слави Ахмед како национален херој – и премиерот лично го посети во болница

Животот на херојот Ахмед и неговото семејство ќе се промени засекогаш, а сега и обезбедува заштита

Иако не кажал што ќе прави со средствата, Ахмед веројатно ќе ги искористи за зголемена безбедност на домот и семејството бидејќи поради својот подвиг стана мета на закани. Но, многу луѓе се надеваат и дека дел од парите ќе ги сподели со семејствата на жртвите.

Животот на херојот Ахмед и неговото семејство ќе се промени засекогаш, а сега и обезбедува заштита