No Image x 0.00 + POST No Image

Хантер Хорсли, основач на Bitwise, вели дека сега е најдобриот момент за инвестирање во крипто - банките трчаат да стигнат

SHARE
25

Хантер Хорсли е ко-основач и CEO на Bitwise Asset Management, компанија за управување со крипто средства која нуди над 70 инвестициски решенија. Bitwise е меѓу лидерите во институционалното усвојување на крипто и е една од првите компании што лансираше Bitcoin ETF во САД. Хорсли повеќе од седум години е во индустријата, а претходно работел во Facebook каде што го запознал својот ко-основач. Денес работи по 78 часа неделно, следејќи го секое движење на пазарот. Неговата порака во 2026 е едноставна и силна: ова е најповолен момент во историјата на криптото. Не поради цена, туку поради структура.

Хантер Хорсли, основач на Bitwise, вели дека сега е најдобриот момент за инвестирање во крипто - банките трчаат да стигнат

Банките во САД ги менуваат правилата и со голема брзина се вклучуваат во крипто

Минатата недела, Хорсли имал средба со една од најголемите банки во САД. Сениор извршен директор му соопштил порака од менаџмент тимот: банката мора да оди „од нула на 500 километри на час" во криптото. „Не знам дека банка некогаш отишла од нула на 500 на час во нешто. Ни од нула на десет,“ вели Хорсли. Втора банка им дала 100 дена на своите тимови да изработат патоказ за крипто. Ова, тврди тој, не е анегдота. Тоа е индикација за тоа каде е системот. Регулаторната средина е целосно променета. Тоа ги отклучи можностите што дотогаш банките не можеа да ги реализираат. Сега можат. И веќе го прават тоа.

Банките во САД ги менуваат правилата и со голема брзина се вклучуваат во крипто

Огромни средства од 400 трилиони долари се подготвуваат за нови дестинации – Bitcoin станува реална опција

Хорсли има јасна рамка преку која ја анализира ситуацијата. Во светот има околу 400 трилиони долари средства: недвижности, акции, обврзници, злато. Луѓето што управуваат со тие пари постојано бараат каде да ги вложат. Досега, Bitcoin не бил опција. Денес е. Bitcoin вреди 2 трилиони долари, наспроти 400 трилиони. Дури и многу мал процент што би се префрлил кон крипто би значел огромен раст. „Разговорот за тоа дали Bitcoin на 80.000 или 100.000 долари е скап или евтин станува речиси смешен кога го гледаш во тој контекст,“ вели Хорсли.

Огромни средства од 400 трилиони долари се подготвуваат за нови дестинации – Bitcoin станува реална опција

Четири масивни структурални трендови го туркаат криптото напред во ист правец

Хорсли ги издвојува четирите главни сили кои дејствуваат паралелно и во истиот правец. Прво, загубата на доверба во институциите и владите, тенденција која последниве пет години забрзано се зголемува. Крипто е бенефициент на тоа недоверие. Второ, растот на глобалната понуда на пари – повеќе пари во светот значи повеќе средства што бараат нова дестинација. Пред 20 години златото вредело три трилиони долари, денес вреди 25-30 трилиони. Истиот процес се случува со Bitcoin. Трето, демографските промени: новите генерации како GenX и Милениалци ја сметаат криптовалутата за една од најпосакуваните класи на средства, за разлика од Baby Boomers за кои е речиси на дното. Секоја измината година, тие млади генерации преземаат повеќе одлуки во институциите. И четврто, трендот кон алтернативни инвестиции – класичното портфолио со акции и обврзници веќе не е толку сигурен како порано, а криптото станува логична следна станица за инвеститорите. „Секој ден кој поминува, сите четири трендови продолжуваат независно. Сите четири одат во иста насока.“

Четири масивни структурални трендови го туркаат криптото напред во ист правец

Bitcoin не е масовно плаќање – прво се гради довербата, потоа следи секојдневната употреба

Хорсли потенцира значајна разлика што често се превидува. Идејата дека Bitcoin ќе се користи за плаќање не се реализирала на голема скала не поради неуспех, туку поради текот на развојот. „Куќата не се гради прво со покрив, прво се копаат темели, потоа се прави приземје, па кат. Истото е со нова технологија.“ За некој да прими Bitcoin како плаќање, треба претходно да верува дека има вредност. Последниве 15 години беа дебата за вредноста. Денес дебатата е практично завршена. Следните 10 години, вели тој, ќе бидат декада на плаќање. Square веќе понуди ваква услуга на своите четири милиони трговци.

Bitcoin не е масовно плаќање – прво се гради довербата, потоа следи секојдневната употреба

Компаниите вредат 4 трилиони долари – крипто е новата движечка сила за ваков раст

На Њујоршката берза, Хорсли бил сведок на ѕвонењето при лансирањето на Bitwise Solana Staking ETF. Берзата постои од 1780-тите години, а никогаш немало компанија вредна трилион долари до 2020. Пет години подоцна има компании вредни четири трилиони. "Ако си на правата страна на растечки пазар, тоа е невидлив ветер во грб. И сите структурни ветрови денес се наредени во корист на криптото." Matt Hogan, CIO на Bitwise, смета дека Bitcoin може да достигне повеќе милиони долари, наведува бројка од 6,5 милиони. Avichal Garg од Electric Capital смета дека 5 до 10 милиони не се нереални прогнози. Хорсли не гарантира бројки, но и не ги оспорува.

Компаниите вредат 4 трилиони долари – крипто е новата движечка сила за ваков раст

Криптото создава нова класа на богати кои ќе го дефинираат идниот развој

Постои уште една важна перспектива што Хорсли ја истакнува и која ретко се анализира. Криптото формира нова класа на богати луѓе - луѓе кои размислуваат поинаку, имаат поинакви вредности и ќе донесуваат различни одлуки кога ќе бидат на позиции на моќ. Кога овие луѓе ќе раководат со компании, фондови и институции, разговорот за Bitcoin нема да почнува со „објасни ми го Bitcoin mining", туку со „колку да вложиме". Тоа, вели Хорсли, е можеби и најголемиот структурен поместување што доаѓа.

Криптото создава нова класа на богати кои ќе го дефинираат идниот развој

-->