No Image x 0.00 + POST No Image

Грците во Солун основаа Центар за студии за Александар Македонски: Си го присвојуваат најзначајниот лидер на Македонија, а кај нас – молк

SHARE
50

Додека во Грција се формираат научни центри со цел систематски да се проучува Александар Македонски како „грчки“ херој, во Македонија – тишина. Универзитетот „Аристотел“ во Солун, со поддршка од грчката влада и приватни донатори, го формира првиот Центар за студии за Александар Македонски. Центарот ќе биде дел од Филозофскиот факултет и се очекува да започне со работа уште следната академска година.

Грците во Солун основаа Центар за студии за Александар Македонски: Си го присвојуваат најзначајниот лидер на Македонија, а кај нас – молк

Што точно ќе истражува новиот грчки центар?

Центарот за студии за Александар Велики ќе функционира во рамки на Филозофскиот факултет при Универзитетот „Аристотел“ во Солун – најголемиот универзитет во Југоисточна Европа. Проектот е веќе поддржан од грчкото Министерство за внатрешни работи, како и од регионални тела и приватни спонзори, со почетна инвестиција од околу 50.000 евра. Според грчките власти, задачата на центарот ќе биде „детална научна анализа на животот, воените стратегии и политичките ставови на Александар“, како и истражување на неговото „трајно влијание врз современото општество и политика“. Дополнително, се предвидува центарот да биде меѓународна точка за студенти и истражувачи, со потенцијал да привлекува странски академици – во служба на она што го нарекоа „културна дипломатија“. Значи, не станува збор за обична катедра или историски клуб – туку за центар со јасна политичка и академска агенда: Александар да биде системски вграден во грчкиот историски и културен наратив.

Што точно ќе истражува новиот грчки центар?

Но прашањето што боли е: Каде сме ние?

Каде се нашите институции? Каде е Универзитетот „Кирил и Методиј“, каде е Филозофскиот факултет и Институтот за историја? Зошто Македонија – татковината на Александар, државата што го носи името Македонија – нема сопствен национален или меѓународен центар за проучување на Александар Македонски? Додека ние се расправаме меѓу себе, се плашиме да изговориме вистината гласно, или чекаме „меѓународна дозвола“ за сопствениот идентитет, Грција не чека. Тие си градат институции, пишуваат нови наративи и го преземаат она што е суштински наше – историјата, симболиката, идентитетот. Александар е роден во Пела, антички град во територија која е денес поделена, но неговиот јазик, култура и наследство се нераскинливо поврзани со античката македонска држава. Тоа е факт кој го потврдуваат и историските извори – но, ако не го застапуваме ние, ќе го пишуваат други. Време е за будење. Македонија мора да вложи во својата академска историја. Ни треба сопствен Центар за студии за Александар Македонски – не како одговор на Грција, туку како израз на самопочит и научна сериозност.

Но прашањето што боли е: Каде сме ние?