No Image x 0.00 + POST No Image

Градот на мртвите под Париз: Тајната на катакомбите во кои почиваат 6 милиони души

SHARE
0

Туристичките портали ширум светот ги упатуваат посетителите на неизбежна, а морничаво фасцинантна атракција – катакомбите на Париз. Лавиринт долг 280 километри, создаван повеќе од илјада години, каде што во мрачните тунели се сместени коски и черепи на милиони. Ова е вистински подземен град, кој лаиците го нарекуваат царство на смртта.

Градот на мртвите под Париз: Тајната на катакомбите во кои почиваат 6 милиони души

Камените темели на Париз

Почнувајќи од античкиот келтски град Лутеција, на местото на кој денес се издига Париз, варовникот е основа на најголемите архитектонски симболи на градот, вклучувајќи ги Триумфалната арка и Нотр-Дам. Овој мек, но стабилен материјал ги овозможи и комплексните тунели, бидејќи додека градот растеше, рудниците под него се прошируваа и исчезнуваа од видикот.

Камените темели на Париз

Катастрофи, нова функција и трагедија под земјата

Во 1774 година на брегот од Сена се урна еден тунел под улицата позната како Адска улица. Градските власти немаа контрола врз подземјето, се до назначувањето на архитекторот Гијомо кој започна со првите мапирања и зацврстувања. Само неколку години подоцна, старото Кладбиште на невините претставуваше опасност – телата навлегуваа во подрумите на куќите. Тогаш тунелите добија нова намена: во нив беа преместени остатоците од затворени гробишта и славни имиња како Перо, Паскал, Лафонтен и жртвите на Француската револуција.

Катастрофи, нова функција и трагедија под земјата

Патот до музејот на смртта: Од царството на мртвите до туристичка атракција

Денес катакомбите се музеј и туристичка дестинација со само 2 километри достапни за посетители, иако тунелите се простираат на 280 километри. Централниот влез е на улицата Денфер-Рошеро, над поранешната Адска улица, каде што посетителите ги пречекува написот: „Стоп! Ова е царство на мртвите”. Ѕидовите се изградени од черепи и коски, изложени како орнаменти, а длабочината е дури 20 метри под земја, под нивото на метроата и канализацијата.

Патот до музејот на смртта: Од царството на мртвите до туристичка атракција

Забранети авантури и митови: Илјадници истражувачи, тајни бункери и музика среде темнината

И покрај забраните од 1950-тите, илјадници љубопитни луѓе тајно влегуваат низ непознати тунели, изложувајќи се на опасноста да се изгубат. Најтрагичен е случајот со Филибер Аспере, кој исчезнал во 1793, а бил најден по 11 години. Некои од најпознатите тајни простории вклучуваат нацистички бункер од Втората светска војна, простории каде се одржувале нелегални концерти и ноќни забави, и ремек-дела како „Цитаделата Маон“. Катакомбите на Париз се сведоштво за мистеријата, трагедијата и непокорливиот човечки дух што ја населува подземната темнина.

Забранети авантури и митови: Илјадници истражувачи, тајни бункери и музика среде темнината