No Image x 0.00 + POST No Image

Градот каде луѓето носат над 10 кг облека за да преживеат на -64°C и каде железото замрзнува за секунда

SHARE
17

Јакутск, сместен длабоко во Сибир, Русија, е познат како најстудениот град на светот, а сепак во него живеат околу 355.000 луѓе. Многумина од нив работат во рудници за дијаманти додека термометарот паѓа до неверојатни -64°C. Во оваа сурова зима, луѓето носат облека тешка над 10 килограми само за да преживеат.

Градот каде луѓето носат над 10 кг облека за да преживеат на -64°C и каде железото замрзнува за секунда

Рекордни -64°C и мрак кој трае речиси цела зима

Во јануари, жителите се соочуваат со само четири часа дневна светлина. Во 1891 година, измерена е рекордно ниска температура од -64°C. Ова значи дека преку зима, речиси цел ден владее темница, а тешкото студенило ја прави секоја секунда надвор опасна по живот.

Рекордни -64°C и мрак кој трае речиси цела зима

Облеката во Јакутск тежи повеќе од 10 килограми и е изработена од кожа и крзно на арктички животни

За да го издржат студот, локалните жители се завиткуваат со над 10 килограми облека. Девојка која пораснала во Јакутск, објаснува: „Апсолутно мора да се носат неколку слоја облека. Колената се особено изложени на ризик да замрзнат при ваков екстремен студ. Започнуваш со маица со ролка и дебели хеланки, а потоа додаваш џемпер и изолирани панталони. Традиционалните чизми се од кожа од ирвас. Жените овде најчесто имаат два изгледа: женствен со крзнени палта од самур или лисица и секојдневен со палто полно со перја, што е многу топло и попристапно по цена. Палто од крзно чини околу 3.000 долари, а перјеното 500 долари. На се ставаш и капа од арктичка лисица од 300 долари. Плетените капи не се доволно топли. И мора целото лице да се покрие, во спротивно се замрзнува за миг."

Облеката во Јакутск тежи повеќе од 10 килограми и е изработена од кожа и крзно на арктички животни

Пазарите немаат потреба од замрзнувачи, а автомобилите постојано работат за да не замрзнат

На пазарите, производите стојат на отворено без фрижидери – временските услови ги замрзнуваат сами по себе. Ваквиот екстремен студ значи дека локалните жители често ги остават автомобилите постојано вклучени или целосно ги покриваат за да не замрзне моторот.

Пазарите немаат потреба од замрзнувачи, а автомобилите постојано работат за да не замрзнат

Од екстремна зима до лето со температури до 26°C

Колку и да е неверојатно, времето драстично се менува во лето, кога температурите достигнуваат до 26°C во јули. Но бисерите на Јакутск се суровата зима и непокорноста на луѓето кои живеат таму.

Од екстремна зима до лето со температури до 26°C