No Image x 0.00 + POST No Image

Го нарекувале „момчето зајак“ и го исмејувале поради забите: По операциите добил нова насмевка, а неговата трансформација расплакала многумина

SHARE
20

Момчето по име Еван Хил било жртва на сурово врсничко насилство. А потоа приказната за него прерасна во глобален феномен што резултираше со невероjатна животна трансформациjа. Еван Хил од Нов Зеланд со години трпел исмевање поради изразено испакнатите предни заби. Прекарот „момчето зајак“ го погодувал длабоко и го носел како товар во период кога на секое дете му е потребна поддршка, а не понижување.

Го нарекувале „момчето зајак“ и го исмејувале поради забите: По операциите добил нова насмевка, а неговата трансформација расплакала многумина

Предните заби му го отежнувале и зборувањето и земањето храна

Неговите предни заби биле толку големи и поставени под толку необичен агол што не можел лесно да ја затвори устата ниту да зборува без потешкотии. Кога имал 12 години, почнала трансформациjа што конечно требало да ја отстрани таа пречка. Врсничкото насилство само по себе било огромен проблем што морало да се запре, но на Еван му била неопходна и медицинска помош за секојдневието да му стане полесно.

Предните заби му го отежнувале и зборувањето и земањето храна

Мајка му размислувала да ја стави куќата под хипотека за зафати од околу 100.000 долари

Семејството немало пари за специјалните стоматолошки и ортодонтски зафати. Тогаш, во момент кога решението изгледало недостижно, луѓе со добра волја му прискокнале на помош. Беше покрената голема хуманитарна акција на Нов Зеланд, а парични средства донираа луѓе од разни краишта на светот. Целта беше целосно остварена.

Мајка му размислувала да ја стави куќата под хипотека за зафати од околу 100.000 долари

„Campbell Live“ во 2011 година ја претвори неговата приказна во глобален повик за помош

Приказната за Еван Хил беше прикажана во новозеландската телевизиска емисија „Campbell Live“ и доживеа огромен одглас. Беа собрани доволно пари за трансформација на неговите заби, а процесот траеше со години. По неколкугодишно комплицирано лекување, носење апаратчиња и одредени хируршки зафати, Еван доби сосема нова насмевка. Стоматологот Роналд Слуитер го надгледуваше процесот на лекување и лично учествуваше во исправувањето на неправилната положба на забите.

„Campbell Live“ во 2011 година ја претвори неговата приказна во глобален повик за помош

Во 2017 година му ја извадија фиксната протеза и Еван ја избра тишината надвор од камерите

Потоа беше емитувана нова ТВ приказна за Еван Хил – приказна за позитивен пресврт, со неговата нова насмевка на крајот. Снимката оствари огромна гледаност, покрена лавина од емоции и расплака голем број луѓе ширум светот, кои беа трогнати од помошта укажана на овој тинејџер. Откако беше завршен комплетниот процес на реконструкција на вилицата, Еван изрази желба да им се посвети на своите соништа и интереси надвор од светлата на рефлекторите. Заедно со своето семејство реши да се повлече од јавноста за родителите да му овозможат нормално растење.

Во 2017 година му ја извадија фиксната протеза и Еван ја избра тишината надвор од камерите

Откако ја доби новата насмевка, рече дека би сакал да стане машиновозач

Трансформацијата му донесе и огромна самодоверба. Стоматолозите кои му подарија нова насмевка изјавија дека операцијата засекогаш му го променила животот, па од повлечено дете станал самоуверен млад човек. Тоа го потврдија и неговите родители. Приказната за Еван Хил е пример колку врсничкото насилство е комплексен општествен проблем и што сè може да биде поттик за малтретирање. За среќа, на ова момче му помогнаа додека се бореше со исмевањето, и добро е што не се молчеше за насилството на кое беше изложено. Позитивно е и тоа што самата приказна стана планетарно позната бидејќи сигурно им помогна и на други деца кои се соочуваа со слични проблеми. Остатокот од парите што преостанаа од донациите беше префрлен во хуманитарен фонд за помош на деца кои имаат слични проблеми како оние што ги надмина Еван Хил.

Откако ја доби новата насмевка, рече дека би сакал да стане машиновозач

-->