No Image x 0.00 + POST No Image

„Го напуштив Лондон за живот на плажа во Гоа: Домашна храна за 120 денари на ден, спокој, но има една голема маана“

SHARE
21

Поранешната келнерка Лили Бариа признава дека не можела да го издржи напорниот живот во Лондон и го заменила големиот град за сонце и море во Индија. Но, животот во рајот доаѓа со своја цена.

„Го напуштив Лондон за живот на плажа во Гоа: Домашна храна за 120 денари на ден, спокој, но има една голема маана“

Лондон ја исцрпил

Лили, која е Англичанка и пола Индијка, работела во кафеана во Лондон и носела голема одговорност, што ѝ станало премногу. Просечните трошоци за еден човек во Лондон достигнуваат 185.000 денари месечно, додека во Гоа се само околу 12.000 денари.

Лондон ја исцрпил

Од кафеана до балкон со сопствен занает и плажа

Без работа и сигурност, на 20 години Лили донела храбра одлука да се пресели во Гоа. Веќе осум години живее таму со своето момче и куче, заработувајќи од продажба на уникатно плетени парчиња од својот балкон, опкружена со џунгла и плажи. Лили користи т.н. tiffin услуга – секој ден ѝ носат топол домашен оброк за само 3.600 денари месечно. Таа вели: „Порано јадев хамбургер и сендвичи, сега секојдневно уживам во различни гозби.“ Не мора да готви и секојдневно открива нови вкусови на регионот.

Од кафеана до балкон со сопствен занает и плажа

Раj или Илузија? Сликите се совршени, но инфраструктурата е болна точка

Иако нејзините видеа ги прикажуваат рајските предели од Гоа, Лили признава дека во рурален дел инфраструктурата често потфрлува. Гасењето на струја е секојдневно, а понекогаш остануваат и без вода – нешто што, според неа, мора да се прифати ако сакате мирен живот крај плажа.

Раj или Илузија? Сликите се совршени, но инфраструктурата е болна точка