Гладна мечка провалила во дом и ја разбеснила жената откако ѝ го изела KFC-то додека таа спиела
Кендра Норт од округот Харлан во Кентаки, САД, се разбудила рано минатата недела и ја затекнала трпезаријата уништена. Додека спиела, низ оставена предна врата влегла гладна црна мечка и си послужила со преостанатото пржено пиле од KFC. Норт вели дека таа и нејзиниот партнер ја оставиле вратата ширум отворена преку ноќ за да циркулира воздух, бидејќи клима-уредот не им работел. Мирисот на брза храна, очигледно, бил премногу примамлив за животното што талкало низ населбата.
In This Article:
Мечката тешка меѓу 227 и 318 килограми не влегла тивко по вечера
Животното, проценето дека тежи меѓу 227 и 318 килограми, не се прикрало само за мал залак. Во влегувањето ја уништило и масивната стаклена маса во трпезаријата. „Мојата маса е од навистина дебело стакло, и целосно ја искрши“, рече таа. „Таа всушност ја слушнала масата како се крши однатре од својата куќа, и мислела дека надвор се случила сообраќајна незгода“, додаде Норт.
Сестрата ѕвонела во 5 часот наутро додека мечката излегувала по скалите
Вистинското будење дошло од соседството, објави Independent. Сестрата на Норт, која живее во близина, ја видела мечката како излегува околу 5 часот наутро и постојано и ѕвонела. „Сестра ми почна да ми се јавува, некаде во пет наутро, и ја одбив најмалку двапати, а таа продолжи да ѕвони“, изјави Норт за FOX 56 News. „Одговорив на повикот, а таа ми рече: ‘Брат, има мечка, и тукушто излезе од твојата кука, и слезе по твоите скали,“ рече Норт.
„Малку сум тажна поради мојот KFC“
Сестрата на Норт продолжила да го опишува моментот кога животното се приближило до нејзината страна од дворот. „Дојде и ме погледна, право во очи, на мојата страна од дворот.’“ Норт верува дека мечката ја привлекла храната оставена на отворено и призна: „Малку сум тажна поради мојот KFC.“ Само два дена подоцна, Норт наводно рекла дека забележала друга мечка како демне на нејзиниот трем додека внатре готвела sloppy joes, американско јадење со мелено месо во сос во лепче.
Службите не бркаат мечки, туку ги учат лугето да не оставаат „лесен оброк“
Претставници на Kentucky Department of Fish and Wildlife Resources ги повикуваат жителите да заклучуваат и обезбедуваат се што може да мириса како „лесен оброк“. Наместо да се обидуваат да ја фатат мечката, тие се фокусираат на јавно информирање и правилата за безбедност „BearWise“. Средбите со мечки се чести во шумовитиот округ Харлан, каде популацијата на црни мечки се смета за стабилна, но густа, а регулирана ловна сезона постои од 2009 година. Координаторот на програмата за мечки, Џон Хаст, предупреди дека храната оставена надвор е голем поттик. „Ако чувате храна за миленици или ако ги храните вашите кучиња надвор, размислете за тоа“, изјави Хаст за FOX 56. „Осигурете се дека не оставате ништо на тремот, и тоа ке ја спречи мечката едноставно да влезе и да земе лесен оброк.“