No Image x 0.00 + POST No Image

Германија спушта рампа за печалбарите и драстично ја преполовува квотата за работници од Македонија

SHARE
0

Берлин подготвува промена што директно ги допира илјадниците граѓани од Македонија кои егзистенцијата ја бараат на германскиот пазар на труд. Наместо пошироко отворена врата за работници од Западен Балкан, Германија најавува построга селекција и значително помал број одобренија за заминување на работа.

Германија спушта рампа за печалбарите и драстично ја преполовува квотата за работници од Македонија

Од 2027 година бројката паѓа од 50.000 на 25.000 дозволи годишно

Предлогот за измена на посебната регулатива за Западен Балкан германската влада го усвои на 4 ноември. Со него се предвидува преполовување на годишната квота за работни дозволи што важи за целиот регион. Мерката ги опфаќа граѓаните на шест држави: Македонија, Србија, Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Косово. Оваа регулатива постои од 2016 година и досега им овозможуваше олеснет пристап до германскиот пазар на труд, дури и за позиции за кои не е потребно признавање на формални стручни квалификации.

Од 2027 година бројката паѓа од 50.000 на 25.000 дозволи годишно

Германските работодавачи предупредуваат на удар врз индустријата, угостителството и градежништвото

Предлогот на сојузната влада наиде на сериозен отпор кај бизнис секторот, стопанските комори и кај седум сојузни покраини предводени од социјалдемократите, СПД. Тие предупредуваат дека кратењето на квотата ќе ја влоши состојбата во сектори кои веќе се соочуваат со драматичен недостиг на работна рака. Против намалувањето отворено застана и Германската сојузна агенција за вработување. Нејзиниот став е дека сегашниот обем на дозволи мора да се задржи за да се одржи економската активност.

Германските работодавачи предупредуваат на удар врз индустријата, угостителството и градежништвото

Во септември 2026 во Германија биле регистрирани 546.000 вработени со потекло од шесте земји

Официјалните податоци на агенцијата покажуваат колку германската економија веќе се потпира на работници од Западен Балкан. Наспроти тоа, владата објаснува дека одлуката е дел од политичкиот договор на владејачката коалиција за построга контрола и регулирање на миграциските текови, со фокус врз привлекување исклучиво висококвалификуван кадар. Ова не значи целосно затворање на вратите за македонските граѓани. Квалификуваните специјалисти со нострифицирани дипломи и медицинскиот персонал ќе можат и понатаму да аплицираат за работни визи според редовниот општ закон за доселување стручна работна сила. За општите работници, сепак, конкуренцијата и чекањето за термин ќе станат значително потешки.

Во септември 2026 во Германија биле регистрирани 546.000 вработени со потекло од шесте земји

-->