No Image x 0.00 + POST No Image

Генијалното решение на еден татко: Како ноќната рутина на неговото дете од 90 минути се претвори во само 15!

SHARE
24

Да го ставите вашето дете да спие понекогаш изгледа како вистински циркус! Родителите со мали деца со сигурност ја знаат оваа битка која може да трае со часови. Еден татко, со псевдоним TrashPandasAndPizza, сподели на Интернет дека неговиот 3-годишен син ја претворил вечерната рутина во маратон од 90 минути, преполна со молби, игри и бескрајно барање уште една приказна или песна. Но, во моментот кога сите биле на раб на нерви, тој нашол вистински спас – и родителите ширум светот оддеднаш здивнаа со олеснување.

Генијалното решение на еден татко: Како ноќната рутина на неговото дете од 90 минути се претвори во само 15!

Креативно решение: Мени со иконки за сите детски барања

Наместо секоја вечер да влегуваат во бескрајна преговарачка драма, таткото изработил „вечерно мени“. На едноставна картичка, нацртале мали иконки што ги претставуваат сите омилени активности што ги барало детето: слушање песна од телефон, песна од мама или тато, кратка игра на криенка, или приказна пред спиење. Оставиле и простор за нови идеи како што момчето расте, а дури ставиле опција и за тоа дали сакал вратата да му биде отворена или затворена.

Креативно решение: Мени со иконки за сите детски барања

Изборот е негов – драмите исчезнуваат, рутината трае само 15 минути

Промената се случила веднаш. Момчето секоја вечер избира три активности и опцијата за вратата. Тоа е сè! Без повеќе плачење или преговарања. Мени-картичката им дозволила да ја сведат ноќната рутина на 15-20 минути. Повеќе нема тензии и сите се посреќни. Таткото на Reddit сподели: „Го покажуваме менито ако заборави, ама инаку секогаш го добива она што го сака – но, во рамки на однапред одредени правила. Се надевам дека ќе го пробате и вие“.

Изборот е негов – драмите исчезнуваат, рутината трае само 15 минути

Родители од целиот свет се препознаа во ова решение

Многу други татковци на интернет споделија дека и тие користеле слични методи. „100% вистина. Само не сфативме дека му треба визуелна помош за да ги запамти опцииите,“ напишал еден корисник. Друг додал: „Работи и на збунети возрасни.“ Тактиката, според некои, се сведува на тоа дека детето чувствува дека самиот одлучува, а не дека му се наредува. Многумина додале свои идеи: строго време за спиење и тајмер, или секогаш избор помеѓу две активности. Најважно: кога децата имаат избор и контрола, вечерната рутина е полесна за сите.

Родители од целиот свет се препознаа во ова решение