Германците создадоа фудбалска лига за дебели: Фудбалот НЕ е само за супер-атлети!
Во Германија се појави невообичаена фудбалска лига – лига за луѓе со прекумерна тежина. Овде може да игра само оној што има индекс на телесна маса над 31. За маж висок 180 см, тоа значи барем 100 килограми вистинска тежина! Ова е местото каде дебелото стомаче не е срам – туку билет за теренот.
In This Article:
- 8 на 8, две полувремиња по 35 минути, и понекогаш проверка на тежината пред публика!
- Heavy Kickers од Борк и уште пет тима се борат за титула – но, и за пријателства и самодоверба
- Овде никој не се срами од стомакот, секој има своја публика и причина за насмевка!
- Расте интересот: Оваа лига е силна порака
8 на 8, две полувремиња по 35 минути, и понекогаш проверка на тежината пред публика!
Натпреварите се играат 8 на 8 играчи (еден голман и седум на теренот) со две полувремиња од по 35 минути – сѐ за да не биде никој исцрпен уште на почеток. И ако некој делува „сомнително фит“, го мерат на вага пред сите. Нема мамење – ова е лига само за вистинските „тешкаши“!
Heavy Kickers од Борк и уште пет тима се борат за титула – но, и за пријателства и самодоверба
Лигата започна во Северна Рајна-Вестфалија со шест екипи, меѓу кои и Heavy Kickers од малото градче Борк. Основачот Мајк Краус вели: „Главното тука не е во строгите правила, туку во заедништвото. Подобро е да трчаш по топка, отколку да скапуваш дома со кеса чипс и да се жалиш на на твојата форма”.
Овде никој не се срами од стомакот, секој има своја публика и причина за насмевка!
Разликата е очигледна: професионалците летаат низ терените, а тука вистински мажи се борат со секој следен здив. Но, користа е огромна – движење, дружење, насмевки... А по секој натпревар сите заедно одат на пиво. Класика: даде гол, согори некое кило – па го враќаш назад со ладно пиво.
Расте интересот: Оваа лига е силна порака
Мајк Краус сонува лигата да ја прошири низ цела Германија и пошироко – засега има шест клуба, но идејата стана заразна. Ова е потсетник: спортот не е само за елитните спортисти. Заситен си од диети? Собери тим дебели и опуштено – најважно е да ви биде убаво заедно!