Faraday Future го претстави FX Super One – цел Лос Анџелес беше сведок на огромен срам за компанијата
Во градот што слави иновации, Faraday Future се обиде да направи сензација: новото луксузно електрично миниван возило FX Super One, претставено со големи зборови – и уште поголема срамота. Наместо револуционерно возило, публиката виде ребрендиран модел од Кина со огромен екран и необјаснети „AI“ функции, во спектакл кој дојде до раб на апсурдот и ги разоткри вистинските проблеми на компанијата.
In This Article:
- FX Super One е само преработен кинески модел
- Тотален хаос во организацијата
- Демонстрација на „AI-револуција“: Голем дисплеј што не работи додека сте во движење и кошмар за фотографите
- Внатрешност што ветува луксуз, но без никакви иновации
- Илјадници преднарачки што се само маркетинг трик
- Дали постои иднина за овој проект?
FX Super One е само преработен кинески модел
Иако беше најавуван како првиот светски „AI-луксузен MPV“, FX Super One всушност е обичен Great Wall Motor Wey Gaoshan минивен од Кина, на кој Faraday Future му додаде огромен, евтин екран на предниот дел. На презентацијата не беа дадени никакви технички детали: нема информации за мотори, производство, испорака, ниту (конечно) вистинската цена. Дури и цената ќе ја одредуваат купувачите преку анкета!
Тотален хаос во организацијата
Настанот беше пародија: микрофони кои не работеа, говорници што не можеа ни да читаат од телепромотер, покривки што се заглавија врз возилата, и презентација преполна со поими како „AI“, „blockbuster breakthrough“ и „EAI 6x4 архитектура“ – без објаснување што воопшто значат. Главните амбасадори импровизираа патетична возбуда за возилото, а дел од вработените очајно се обидуваа да го сопрат говорот на директорот кога работите излегоа од контрола.
Демонстрација на „AI-револуција“: Голем дисплеј што не работи додека сте во движење и кошмар за фотографите
Големата новина – FACE, екран на предниот дел на автомобилот за комуникација со „AI асистент“ – изгледаше евтино и имаше ниска резолуција. Дисплејот ни ја раскажуваше неговата „душа, интелигенција и емоции“, но не добивме ниту еден конкретен пример што може да направи. За време на настанот, и професионалните и аматерските фотографи беа остро опоменувани и попречувани – иако автомобилите беа на отворено и непокриени.
Внатрешност што ветува луксуз, но без никакви иновации
FX Super One ќе биде со четири, шест или седум седишта, со луксузни масажери и „zero gravity“ седишта во задниот дел – исто како и кај кинескиот оригинал Wey Gaoshan. Внатрешноста комплетно ја копира Gaoshan, а единствената новост – „EAI OS“ – не е објаснета, освен ветувањето за Dolby Atmos. Има простор за шест голф-торби, 86 см простор за нозете во третиот ред, и наводно супер глатко искуство. Но, најважно: ништо револуционерно.
Илјадници преднарачки што се само маркетинг трик
По спектаклот, QR кодот на белиот FX Super One водеше до страница за резервација (која не работеше како што треба). 10.034 „депозити за преднарачки“ беа објавени од подиумот, но добар дел се всушност за дилерите и компаниите, не за приватни купувачи. За „ко-креаторите“ има ветени привилегии, попусти и фан-пакети, а цената ќе се добива преку гласање на веб страната.
Дали постои иднина за овој проект?
Faraday Future тврди дека нивната фабрика во Калифорнија може да призведе 30.000 возила годишно, што е нереално со оглед на изминатите продажби и инцидентот со FX Super One. Влогот на компанијата беше виртуелно преставување за инвеститори, а не реална премиера. Во Азија, ваквите луксузни модели имаат иднина – но, пазарот и купувачите не заслужуваат ваква пародија од бренд како Faraday Future.