No Image x 0.00 + POST No Image

ФБИ истражува љубовна афера на шефот на највредната компанија во светот со наводна кинеска шпионка: Трамп го брани, а 250 милијарди долари испарија за еден ден

SHARE
25

Американското Федерално истражно биро отвори официјална истрага за тајна љубовна врска меѓу извршниот директор на технолошкиот гигант „Енвидија“, Џенсен Хуанг, и жена за која американските разузнавачки служби се сомневаат дека е високорангиран кинески шпион, објави Би-Би-Си. Случајот веднаш излезе од рамките на приватен скандал: во центарот се најмоќната компанија за чипови за вештачка интелигенција, американската контраразузнавачка мрежа и сомнежот дека операцијата била организирана од Пекинг.

ФБИ истражува љубовна афера на шефот на највредната компанија во светот со наводна кинеска шпионка: Трамп го брани, а 250 милијарди долари испарија за еден ден

„Денеска разговарав со Џенсен“ рече Трамп пред новинарите во Белата куќа

Информацијата лично ја потврди американскиот претседател Доналд Трамп, кој изјави дека имал директен разговор со Хуанг веднаш откако веста експлодира во светските медиуми. „Денеска разговарав со Џенсен. Тој ми рече дека немал апсолутно никаква претстава дека личноста со која се гледал била шпион. Јас навистина му верувам“, изјави Трамп пред новинарите во Белата куќа.

„Денеска разговарав со Џенсен“ рече Трамп пред новинарите во Белата куќа

Пад од над четири проценти за неколку часа ја погоди компанијата што ги носи чиповите за вештачка интелигенција

„Енвидија“ е водечката компанија чии микропроцесори претставуваат фундамент на глобалната револуција на вештачката интелигенција. Веста за истрагата на ФБИ предизвика силен потрес на Волстрит. Цената на акциите на компанијата падна за над четири проценти за само неколку часа, а пазарната капитализација беше намалена за астрономски 250 милијарди долари во еден единствен трговски ден.

Пад од над четири проценти за неколку часа ја погоди компанијата што ги носи чиповите за вештачка интелигенција

Алис Хуанг од „Мегаспид“ не била во сродство со Џенсен Хуанг

Според сознанијата на „Њујорк тајмс“, американските контраразузнавачи веруваат дека жената, идентификувана како Алис Хуанг, позната и како Хуанг Ле, дејствувала како инфилтриран агент на кинеското Министерство за државна безбедност. Таа била на висока раководна позиција во сингапурската компанија „Мегаспид“, која директно соработувала со американскиот технолошки гигант. Уште минатата пролет, сегашниот државен секретар на САД, Марко Рубио, испратил таен допис до највисоките функционери во Вашингтон, предупредувајќи за опасните контакти на Хуанг. Од своја страна, официјален Пекинг остро ги отфрли сите обвинувања, нарекувајќи ги „целосно паушални и злонамерни обиди за оцрнување на Кина“.

Алис Хуанг од „Мегаспид“ не била во сродство со Џенсен Хуанг

-->