No Image x 0.00 + POST No Image

ФБИ со честитка до македонската полиција за акцијата во тетовско

SHARE
0

Американското Федерално истражно биро (ФБИ) ѝ упати официјална честитка на македонската полиција за успешното откривање и приведување на администраторот на нелегалниот онлајн пазар „ОЛВХ“ (OLVX). Според истрагата, преку повеќе од 1.500 сметки таму се нуделе и продавале украдени лични податоци и пристапни кориснички профили.

ФБИ со честитка до македонската полиција за акцијата во тетовско

20-годишниот Е.А. од Голема Речица осомничен дека со години водел дигитална мрежа

Големата полициска акција беше реализирана како директна координирана соработка помеѓу ФБИ и Министерството за внатрешни работи на Република Македонија. Кривична пријава е поднесена против Е.А. од тетовското село Голема Речица, кому му се става на товар дека управувал со софистицирана мрежа за дигитален криминал.

20-годишниот Е.А. од Голема Речица осомничен дека со години водел дигитална мрежа

Платформата работела од 2023 до 2025 година, најмногу биле загрозени државјани на САД

Според податоците од истрагата на ФБИ и Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР, нелегалната платформа сериозно ја загрозувала сајбер-безбедноста и личните податоци на илјадници граѓани. Истражните дејствија започнале по прецизни оперативни сознанија доставени од страна на американското истражно биро. Против пријавениот е поднесена соодветна пријава до Основното јавно обвинителство во Тетово поради основано сомнение за извршени кривични дела: компјутерска измама, злоупотреба на лични податоци, оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем, како и производство и дистрибуција на детска порнографија.

Платформата работела од 2023 до 2025 година, најмногу биле загрозени државјани на САД

Домени, веб-страници и тајна група на „Телеграм“ зад нелегалните услуги

Како што наведуваат од полицијата, пријавениот управувал со повеќе интернет-домени и специјализирани веб-страници каде што за парични надоместоци нудел компромитирани дигитални бази, софтверски алатки за упад и кориснички најави. Истовремено, тој администрирал и тајна група на комуникациската мрежа „Телеграм“, преку која се нуделе услуги за правење кривични дела и се разменувале недозволени материјали.

Домени, веб-страници и тајна група на „Телеграм“ зад нелегалните услуги

ФБИ ја оцени акцијата како историска, прва заедничка кибер-операција со македонските служби

Од ФБИ ја оценија оваа акција како историска – прва заедничка и координирана кибер-операција меѓу американското сојузно биро и македонските безбедносни служби. Оттаму истакнаа дека меѓународната соработка е од клучно значење во ефикасното сузбивање на транснационалниот компјутерски криминал.

ФБИ ја оцени акцијата како историска, прва заедничка кибер-операција со македонските служби

-->