No Image x 0.00 + POST No Image

ЕУ се приближува до забрана за користење социјални мрежи за деца под 13 години. Треба ли и ние да воведеме забрана?

SHARE
26

Европската Унија ги забрзува плановите за воведување забрана за користење на социјалните мрежи за деца под 13 години, потврди претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен. Фон дер Лајен изјави дека апликациите за социјални мрежи им го „одземаат детството на децата“ и дека големите технолошки платформи мора да ја докажат безбедноста на нивните производи.

ЕУ се приближува до забрана за користење социјални мрежи за деца под 13 години. Треба ли и ние да воведеме забрана?

Под 13 години целосна забрана, од 13 до 15 години само „мини сметки“

Таа вети предлог-закон за целосна забрана на социјалните мрежи за лица под 13 години, додека за децата на возраст од 13 до 15 години ќе бидат дозволени „мини сметки“ под родителски надзор со временски ограничувања за користење. Европската комисија официјално ќе го објави планот за социјалните мрежи, кој потоа ќе треба да биде одобрен од Европскиот парламент и од 27-те земји членки на ЕУ за да стане закон.

Под 13 години целосна забрана, од 13 до 15 години само „мини сметки“

Во Стразбур, фон дер Лајен предупреди на функциите на социјалните мрежи што создаваат зависност

Фон дер Лајен најави дека Актот за дигитална праведност, кој треба да биде предложен оваа година, ќе се справи со функциите на дигиталните платформи што се создадени за да го задржат вниманието на корисниците и можат да поттикнат зависност. Станува збор за механизми како бесконечно скролање, автоматско пуштање содржини и постојани препораки, за кои таа вели дека им „штетат на сите“. Претседателката на Европската комисија ги даде изјавите во Стразбур, нагласувајќи ја потребата помладите генерации подобро да се заштитат од ризиците на дигиталните платформи. Покрај регулирањето на социјалните мрежи, фон дер Лајен се осврна и на пошироките безбедносни предизвици со кои се соочува Европа, посочувајќи дека континентот мора да изгради сопствени механизми за одбрана од сајбер и хибридни закани. „Итно ни е потребен консензус за тоа како да одговориме на инцидентите кои не претставуваат вооружена агресија, но јасно ја загрозуваат нашата национална безбедност“, изјави таа.

Во Стразбур, фон дер Лајен предупреди на функциите на социјалните мрежи што создаваат зависност

-->