No Image x 0.00 + POST No Image

Едноставен збор што ги прави децата 30% поспремни да помогнат – функционира и на возрасни исто така

SHARE
20

Психологијата не е толку комплицирана: сите сакаме да бидеме видени во најдобро светло. Маркетинг професорот Џона Бергер има нешто да додаде – со употреба на еден збор можеме дури за 30% да ја зголемиме подготвеноста на некого да помогне, кај децата и возрасните. Оваа техника се базира на едноставно, но длабоко влијание што го прави идентификувањето на личноста со одреден квалитет.

Едноставен збор што ги прави децата 30% поспремни да помогнат – функционира и на возрасни исто така

Научниот експеримент со деца: „Дали сакаш да помогнеш?“ наспроти „Дали сакаш да бидеш помагач?“

Во студија од Стeнфорд, истата група предшколци била замолена да исчисти неред: првата група со „Дали можеш да помогнеш да исчистиме?“, а втората со: „Дали сакаш да бидеш помагач и да исчистиш?“ Резултатот е спектакуларен – групата која беше прогласена за „помагачи“ имаше 30% поголема волја да учествува. Не ги привлекло чистењето, туку тоа што биле препознаени како нешто поубаво – помагачи.

Научниот експеримент со деца: „Дали сакаш да помогнеш?“ наспроти „Дали сакаш да бидеш помагач?“

Зошто идентитетот е појака мотивација од самото дејство?

Бергер го нарекува ова претворање на дејствијата во идентитети. „Разликата е меѓу дејствија и идентитети – сите сакаме да се гледаме како паметни, способни и вредни. Ако некој е вреден, подобро е да го наречеме „вреден работник“ отколку само дека е вреден. Побарајте од некого да биде лидер, наместо само да барате да води. Инаку речено: „Не те молам само да направиш нешто – те повикувам да бидеш тоа нешто“. Ова значително ја зголемува желбата да се вложи труд“, објаснува Бергер.

Зошто идентитетот е појака мотивација од самото дејство?

Едно мало преформулирање – голема моќ

„Кога постапката се претвора во можност да изградите посакуван идентитет, луѓето имаат поголема желба да го направат тоа“, вели Бергер. Ако гласаш, не си само човек што гласал – си „гласач“. Ако читаш – си „читател“. Луѓето сакаат да избегнат негативни идентитети исто толку силно: „Голема е разликата ако некој каже „лажев“, наместо да се нарече „лажго“. Иста е логиката и кога си зборуваме сами: не е исто да велите дека сакате да трчате или да се нарекувате „тркач“ или „ученик со сите петки“.

Едно мало преформулирање – голема моќ

Моќта е во зборовите: магијата на комуникацијата што го менува светот околу нас

Бергер го резимира заклучокот: „Мислиме дека зборовите не се толку важни. Тоа е грешка!“ Малa промена во формулацијата може драстично да го зголеми влијанието врз луѓето околу нас. Одличната идеја не вреди ако не ја пренесеме на начин што ќе ги инспирира другите – зборовите се тие што ја креираат моќта. Комуницирајте умешно – и ќе го менувате светот.

Моќта е во зборовите: магијата на комуникацијата што го менува светот околу нас