No Image x 0.00 + POST No Image

Еден хируршки зафат ви е влезница: Во ова село на Антартикот е забрането да имате слепо црево

SHARE
30

Вила Лас Естрелас е едно од ретките населени места на Антарктикот, но за да живеете тука, мора да го отстраните слепото црево. Оваа необична мерка не е случајна – медицинската инфраструктура е ограничена, а најблиската болница е оддалечена 1.000 километри.

 Еден хируршки зафат ви е влезница: Во ова село на Антартикот е забрането да имате слепо црево

Зошто мора да се отстрани слепото црево?

Во селото живеат научници, членови на чилеанската војска и нивните семејства, но нема квалификувани хирурзи. Апендектомијата (вадење на слепото црево) е задолжителна за сите, вклучително и за децата, бидејќи воспалението на слепото црево во овие екстремни услови може да биде фатално.

Зошто мора да се отстрани слепото црево?

Живот во најизолираното село

Во текот на летото, населението достигнува 150 луѓе, но во зимските месеци значително се намалува. Куќите се обоени во светли бои за да го разбијат сивилото, а населбата располага со училиште, пошта, банка, теретана и продавница за сувенири.

Живот во најизолираното село

Екстремни услови и строги правила

• Температурите паѓаат до -50°C, а понекогаш жителите со недели не можат да ги напуштат своите домови. • Т Бременоста е непожелна за време на престојот, поради ограничените медицински капацитети. • Кучињата се забранети заради заштита на локалниот див свет.

Екстремни услови и строги правила

Туризам на крајот на светот

И покрај строгите услови, Вила Лас Естрелас привлекува авантуристи кои сакаат да го искусат животот на Антарктикот. Најчести „соседи“ се пријателските пингвини, а селото останува едно од најуникатните населени места на планетата. Дали би биле подготвени да се откажете од слепото црево за да живеете тука?

Туризам на крајот на светот