Е ова е страшно: Светскиот најмал робот е помал од зрно сол и може да мисли, се движи и комуницира
Тим инженери успеа да изгради робот кој е толку мал што речиси не може да се види, но сепак може автономно да „чуствува, мисли и дејствува“. Според тимот, ова е најмалиот програмбилен робот кој самостојно се движи низ течност, намалувајќи го волуменот од претходните дизајни за околу 10.000 пати. Научниците од Универзитетот во Пенсилванија и Универзитетот во Мичиген тврдат дека досега никој немал поставено вистински компјутер – со процесор, меморија, сензори и систем за погон – на толку мала платформа.
In This Article:
- Роботот е помал и од бенка – само 200 на 300 микрометри, дебелина од 50 микрометри
- Минијатурниот робот е целосно програмбилен и користи само 100 нановати енергија
- Успехот: Инженерите интегрираа „мозок“, сензор и мотор на платформа речиси невидлива за човекот
- Rешение за иднината: Микророботи кои комуницираат во групи, со потенцијал за медицинска револуција
Роботот е помал и од бенка – само 200 на 300 микрометри, дебелина од 50 микрометри
Овој робот е толку мал што дури една бенка на кожата би го надминала по големина. Неговиот размер изнесува само 200 на 300 микрометри во ширина и 50 микрометри во дебелина. Кога ќе го поставите на паричка, тој е дури и помал од годината изгравирана на монетата. Може лесно да се изгуби – трепнете и можете да го испуштите од вид.
Минијатурниот робот е целосно програмбилен и користи само 100 нановати енергија
Иако е минијатурен, овој робот е целосно програмбилна платформа (функционира само кога е потопена во течност) и може да се движи, да чувствува, дејствува и обработува информации користејќи соларни ќелии кои произведуваат само околу 100 нановати моќ. Може да ја мери температурата на течноста во која се наоѓа и да ги комуницира тие мерки со мала „кореографија“, слично како што пчелите комуницираат.
Успехот: Инженерите интегрираа „мозок“, сензор и мотор на платформа речиси невидлива за човекот
„Ова е само првата глава“, вели инжинерот за нанороботика Марк Мискин од Универзитетот во Пенсилванија. „Покажавме дека може да се стави мозок, сензор и мотор во нешто речиси премало за да се види, и тоа да преживее и работи со месеци. Откако ќе биде поставена оваа основа, може да се додаваат најразлични интелигентни и функционални слоеви. Ова ја отвора вратата за сосема нова иднина на роботиката на микроскопско ниво.“
Rешение за иднината: Микророботи кои комуницираат во групи, со потенцијал за медицинска револуција
Сместувањето на компјутер на ваква мала платформа бара целосно нов пристап кон програмирањето и полупроводничките кола, велат истражувачите. Добиениот микроробот, кој се развивал пет години, може да се синхронизира со други, создавајќи комплексни групи кои се движат во синхронија, како јато риби. Теоретски, овие групи можат да работат автономно со месеци, додека се полнат со LED светлина на нивните соларни панели. Научниците веруваат дека иднината носи поголема меморија и пософистицирани автономни однесувања. „Можеби еден ден ваков микроскопски уред ќе биде чувар на клеточното здравје на нашето тело.“ Студијата е објавена во Science Robotics.