No Image x 0.00 + POST No Image

Џона Фалкон: Човекот кој ги руши сите рекорди со својата анатомија во гаќите

SHARE
0

Џона Фалкон, роден во 1970 година во Бруклин, Њујорк, е познат по тоа што има најголем пенис во светот. За разлика од многу други што преувеличуваат, неговите бројки се факт: долг 24 см во нормална состојба, а во ерекција цели 34 см. Иако оваа тема често е предмет на шеги или завист, животот на Џона не е само сензација – туку и приказна која предизвикува восхит, љубопитност и понекогаш – недоразбирање.

Џона Фалкон: Човекот кој ги руши сите рекорди со својата анатомија во гаќите

Долг како рака

Замислете ја должината: исправете ја раката пред себе, свиткајте го лактот и стегнете ја дланката во тупаница. Тогаш ќе го добиете приближниот изглед на пенисот на Џона при ерекција. За споредба, просечната должина во Јужна Кореја изнесува 9,66 см. Очигледната разлика често предизвикува неверување или иронија, но во светот постојат неверојатни природни феномени, а Џона е еден од нив.

Долг како рака

Џона е бисексуалец и медиумска сензација

Џона отворено се декларира како бисексуалец, истакнувајќи дека љубопитноста и потрагата по различности се дел од неговата природа. Во 1999 година се појави во документарецот „Private Dicks: Men Exposed" на HBO, а потоа следуваа бројни текстови, вклучувајќи ја и познатата статија за него во „Rolling Stone". Британскиот Channel 4 сними филм за неговиот случај, а неколкупати гостуваше и кај популарниот радиоводител Хауард Стерн. Човекот и неговата анатомија станаа вистинска медиумска атракција.

Џона е бисексуалец и медиумска сензација

Фалкон не се продава ефтино

Иако многумина очекуваа дека Џона ќе направи кариера во порно индустријата, тој остана скромен и амбициозен. Сонува да биде вистински драмски актер, без да го искористува својот егзотичен физички атрибут. Се појави во неколку серии и филмови, а има улоги во „A Beautiful Mind", „The Good Shepherd", „Death to Smoochy" и „Eddi". Фалкон ја бара вистинската уметничка слава, не само сензационализам.

Фалкон не се продава ефтино

Талент на повеќе полиња

Покрај глумата, Џона е сериозен и во музиката. Ги развива своите вештини и се обидува да стекне име надвор од шокантната слава. Дури и на шега, самиот вели дека за разлика од многумина, има со што да ги „крши оревите“ во долгите зимски ноќи. На прагот на нови предизвици, Џона Фалкон останува редок природен феномен што инспирира, провоцира и предизвикува восхит.

Талент на повеќе полиња