No Image x 0.00 + POST No Image

Џими од Штип: Дојде од Нигерија со еден куфер, остана 40 години со Библија во рака

SHARE
25

Симеон Поликарп, за сите во Македонија познат како Џими, е човек чиј животен пат тргнал во насока што никогаш не ја планирал, за што денес е благодарен. Доаѓа во 1977 година, не со намера да остане, ниту, пак, да стане евангелизатор. Дошол да студира геологија во тогашна Југославија со намера да се врати дома. Но, останал речиси половина век.

Џими од Штип: Дојде од Нигерија со еден куфер, остана 40 години со Библија во рака

Бегството од повикот — Македонија како засолниште од судбината

Во приказната на Џими има еден не толку таен детал — доаѓањето во Македонија за него било бегство, а не само студентска авантура. Во раните години во Нигерија чувствувал духовен повик — силен, религиозен, конкретен — да евангелизира и да оди меѓу оние за кои никој не се грижи, за да зборува за Бога. Не бил подготвен за тој пат и бегал како Јона од Библијата, а за него Тарсус се викал Југославија. „Дојдов и студирав геологија, но работите се измениле. Господ како зацртал, така и станало. Наскоро открив дека нема бегање.“ Од 1977 година, не се откажува од својот пат.

Бегството од повикот — Македонија како засолниште од судбината

Едно детство со муслимани, едно созревање во Македонија

Џими пораснал во Нигерија во семејство со длабоки муслимански корени — татко му имал четири сестри мажени со муслимани, а сите нивни деца, неговите братучеди, се муслимани. Вели дека растел меѓу муслимани и дека религијата не правела поделби во детството. Кога пристигнал во Македонија — тогаш социјалистичка, секуларна држава — се судрил со различна религиска динамика, но токму тука почувствувал дека може да го следи својот духовен повик. Нигерија денес е многу поразлична: од 150 милиони, сега има 220 милиони жители, со зголемени тензии меѓу христијанскиот југ и муслиманскиот север. „Ти може да излезеш наутро да одиш на пазар и да не се вратиш.“ Неговото семејство е сè уште таму и живее во таа реалност секојдневно.

Едно детство со муслимани, едно созревање во Македонија

Секој ден меѓу луѓе за кои никој не се грижи

Џими накратко ја објаснува својата мисија: евангелизација. Тоа е дар од Бога, вели и значи едно — одиш меѓу луѓе за кои никој не мари и им зборуваш за она во кое веруваш. Тоа не е проповед во полни цркви, туку патешествие низ градови и места во Македонија, со децении, меѓу заборавени и неми светови.

Секој ден меѓу луѓе за кои никој не се грижи

По четири децении Македонија стана негов дом, а тој нејзин добротвор

Џими не зборува за Македонија како случајна станица во животот, туку како за крај во кој ги пуштил корените. По години, кога се враќа по подолго отсуство, средбата со луѓето, соработниците и просторот личи не на посета, туку на враќање дома. Студентот по геологија кој бегал од својот духовен повик, стана една од најпрепознатливите личности посветени на верата. Нигериецот кој дојде привремено, стана македонскиот Џими кој остана засекогаш.

По четири децении Македонија стана негов дом, а тој нејзин добротвор

-->