No Image x 0.00 + POST No Image

Сијамски близначки „фатени“ со новороденче во рака: Дали Аби и Британи ги срушија сите граници и навистина станаа мајки?

SHARE
25

Аби и Британи Хенсел, најпознатите сијамски близначки во светот, беа фотографирани како носат новороденче во седиште за бебиња, девет месеци по нивното видео со наслов: „Свадба и бебе на пат“. Овие 35-годишни сестри од Минесота, живеат со редок феномен: два глави, две срца и два комплетни респираторни системи, но едно тело под појасот, вклучувајќи ги и репродуктивните органи. Откритието ги разгоре шпекулациите – дали тие навистина успеаја да станат мајки и како изгледал нивниот пат?

Сијамски близначки „фатени“ со новороденче во рака: Дали Аби и Британи ги срушија сите граници и навистина станаа мајки?

Абби се омажи за воен ветеран – јавноста дозна за тоа дури по една година

Во 2021 година, Аби се омажи за Џошуа Боуллинг, поранешен американски војник, и стана маќеа на неговата ќерка од претходна врска. Деталите за нивната интимна венчавка излегоа во јавноста дури минатата година, отворајќи низа прашања – дали и двете сестри се во брак? Како би изгледал интимниот живот со споено тело, а сепак двајца индивидуалци во една личност?

Абби се омажи за воен ветеран – јавноста дозна за тоа дури по една година

Што велат медицинските факти

Аби и Британи делеат репродуктивни органи, што значи дека теоретски можат да забременат на конвенционален начин. Во историјата се забележани само два случаи кога споени близначки родиле дете (еден случај со сестри што биле одделени по раѓањето). Ваква бременост и пораѓање носи низа медицински и законски непознаници: која од сестрите се води како легална мајка, какви ризици постојат и дали процесот е изводлив или би се прибегнало кон сурогатство или посвојување?

Што велат медицинските факти

Животот на Аби и Британи: Од сензација на Опра до наставнички со две дипломи и една плата

Близначките се родени во 1990 година, кога лекарите им предвидуваа дека нема да преживеат ни вечерта. Тие ги надминаа сите прогнози – станаа познати настапувајќи кај Опра уште на 6-годишна возраст, а подоцна добија и сопствено шоу на TLC, каде јавноста ги следеше нивното матурирање, барањето работа и секојдневните предизвици. Денес се наставнички по математика во основно училиште во Минесота, со две лиценци, но една плата и уникатен пристап кон образованието.

Животот на Аби и Британи: Од сензација на Опра до наставнички со две дипломи и една плата

Мистеријата останува...

И покрај јавната љубопитност, Аби и Британи доследно инсистираат на приватност за своите љубовни и мајчински искуства. Мотивот постои: тие сонуваат за сопствена фамилија, но одбиваат да ги објаснат медиумски деталите. Дали доенчето кое го држат навистина е нивно биолошко дете – тоа засега останува мистерија. Случајот го поставува прашањето: што значи да си мајка, пар и индивидуалец кога живееш како дел од најреткиот феномен на светот?

Мистеријата останува...