Мајка постави апсурдно барање за Орео колачињата во училиште - интернетот ја „растури“ од мајтап
Родителските групни преписки пред почетокот на учебната година знаат да бидат вистински хаос, но една група мајки успеала да отиде чекор подалеку. Навидум обична преписка меѓу родители прераснала во жестока расправија поради неколку Орео колачиња спакувани во ручекот на едно дете. Драмата меѓу мајките набрзо завршила на интернет, каде што предизвикала лавина реакции и мајтапи. Целата приказна стана вирална благодарение на серијал од 10 дела објавен на Инстаграм од @AshlieghJamz, мајка која секојдневниот хаос го претвора во песни со помош на Suno, генератор на музика со вештачка интелигенција. А во центарот на целата драма се најдоа – Орео колачињата.
In This Article:
„Да не праќаме работи како Орео, чоколадни бонбони итн.“
Кога „Мишел“, една од шесте мајки во групната преписка на Ашли, ги замолила другите мајки да не ги праќаат своите петгодишни деца на училиште со кремасти колачиња, бидејки таа не дозволува нејзината ќерка „Ава“ да ги јаде, настанал родителски хаос. „Само се прашував дали можеме да се договориме да не праќаме работи како Орео, чоколадни бонбони итн., за децата да не ги споредуваат ручеците?“ побарала Мишел, според првата објава на Ашли, која собра речиси 10 милиони прегледи.
„Не го менувам ручекот на мојата керка затоа што твојата сака Орео“
Навидум дрското барање на Мишел веднаш предизвикало реакции од изнервираните мајки во групната преписка. „Не мислам дека навистина можеш да контролираш што пакуваат сите други“, напишала мајка по име Кејси како одговор на молбата на Мишел. „Со почит, не го менувам ручекот на мојата ќерка затоа што твојата ќерка сака Орео“, одговорила остро мајката Шарлот. „Ова станува смешно“, се пошегувала мајката Џени, ставајќи до знаење дека не ѝ е гајле со емотикон што се смее.
„Орео-гејт“: Мајката ја однесе забраната на колачињата предалеку
Во текот на виртуелната сага на Ашли, наречена „Орео-гејт“, мајките одбиле да се придржуваат до барањето на Мишел за забрана на колачињата. Потоа таа побарала од училиштето да ги забрани Орео. Кога нејзината молба до администрацијата била игнорирана, лутата жена почнала да ги кара другите мајки затоа што им дозволувале на своите деца да носат колачиња на училиште и да ги делат со Ава, според пораките. Потоа Мишел наводно отишла во училиштето и почнала да пребарува низ кутиите за ручек на другите деца барајки Орео, кои таа ги смета за „ограничена храна“, пред да побара од наставничката да ја седне Ава подалеку од љубителите на Орео за време на ручекот. Чудното однесување ги поттикнало сите други мајки следниот ден да спакуваат по две Орео во ручеците на своите деца, а една мајка испратила и „двојно полнети“ верзии од малите слатки, што дополнително ја разбеснило Мишел.
Дигиталната расправија се уште трае и предизвика бура од измешани реакции на социјалните мрежи.
„Па Мишел, тоа звучи како ТВОЈ проблем. Исто така, немав намера да му пакувам Орео на моето дете, но сега посебно ќе одам до продавница да купам“, се пошегувал еден коментатор. „Дрскоста воопшто да се побара ова. Јас едноставно ке кажев ‘Не’, не со почит. Вие бевте премногу фини“, се надоврзал друг. „Нашата работа како родител не е да ја контролираме средината за нашите деца никогаш да не почувствуваат непријатност (во случајов: да се тргнат Орео)“, забележала друга мајка. „Нашата работа е да им помогнеме да поминат низ разочарувањето/ зависта што ја чувствуваат кога другите имаат работи што тие ги немаат.“ Што мислите вие? Објавете коментар.