„Дронови над аеродромите не се шпионите на Путин – туку НЛО под контрола на вонземјани“, тврди Јури Гелер
Популарниот и мистериозен Јури Гелер изјави дека дроновите што летаат над аеродромите не се тајни руски шпионски летала, туку всушност се неидентификувани летачки објекти контролирани од вонземјани. Тој повикува владите да престанат да ја манипулираат јавноста и да ја признаат вистината – овие летала не се под човечка контрола.
In This Article:
- Гелер предупредува:„Ќе има се повеќе „посети“ од НЛО над аеродроми, градови и воени бази ширум светот“
- Светски аеродроми и воени бази се затвораат поради мистериозни дронови со непознат извор и цел
- „Не верувајте во повеќето работи што ќе ги слушнете“
- Гелер сведочи: „НАСА – одбива да прифати „докази од одбраната на САД“
Гелер предупредува:„Ќе има се повеќе „посети“ од НЛО над аеродроми, градови и воени бази ширум светот“
По инцидентот со затворање на аеродромот во Алборг, Данска, после забележани дронови во воздушниот простор, Гелер излезе со ново предупредување. „Ќе стане навистина живо таму горе", изјави тој, додавајќи дека луѓето треба да го следар небото, но да не веруваат во лагите. Тој тврди дека ќе има повеќе појавувања на вакви објекти во наредните месеци.
Светски аеродроми и воени бази се затвораат поради мистериозни дронови со непознат извор и цел
Само оваа недела, аеродромите во Копенхаген и Осло беа затворени поради дронови кои летаат со светла што трепкаат и исчезнуваат без трага. Во Данска, во исто време, полицијата потврди повеќе инциденти со дронови и призна дека не знаат кој и зошто ги контролира. Воените сили и специјалните единици беа сериозно засегнати. Слични случаи се случија на аеродромот Гетвик во Велика Британија во 2018 и 2023 година, на Франкфурт во Германија и во САД – со затворени воени бази и аеродроми поради необјаснети летала.
„Не верувајте во повеќето работи што ќе ги слушнете“
Гелер на својот профил напиша: „Другари, ВНИМАВАЈТЕ на небото! Се повторува истото сценарио од минатата година – масовни појави на мистериозни дронови над воени бази и аеродроми, во Британија, Германија и САД. Официјалниот одговор секогаш е ист – дронови или странска воена технологија, но тоа е смешно. Доколку беа обични дронови, како би успеале да стојат над аеродроми со часови, да избегнуваат откривање и да исчезнуваат кога сакаат? Ако беа воени, зошто би трепкале светла како за шоу? Овие летала поседуваат супериорна технологија и интелигенција, ние НЕ го контролираме нашето небо, а тие не се под човечка контрола“.
Гелер сведочи: „НАСА – одбива да прифати „докази од одбраната на САД“
Јури Гелер тврди дека уште во 1974 година, заедно со германскиот инжинер Вернер фон Браун, видел во тајна подземна просторија на НАСА замрзнати тела на вонземјани и дел од урнато НЛО. Тој им порача на сите: „Време е владите да престанат да ја замаглуваат вистината! Овие појави се дел од неоспорливата реалност: НЕ СМЕ САМИ!"