No Image x 0.00 + POST No Image

Чекаме казни: Инспекторите го бараат изворот на белата пена што од Лепенец се влева во Вардар

SHARE
0

Голема количина бела пенлива материја е забележана во реката Лепенец, токму на водниот пат што продолжува кон Вардар. Појавата веднаш ги крена надлежните служби на нозе и отвори прашање што точно завршило во реката.

Чекаме казни: Инспекторите го бараат изворот на белата пена што од Лепенец се влева во Вардар

Инспекциите на Град Скопје и Министерството за животна средина излегоа на терен

По пријавата, започна итна проверка. Инспекциските служби ја следат состојбата на реката, додека екипи на ЈП „Водовод и канализација“ земаа примероци од водата за лабораториска анализа.

Инспекциите на Град Скопје и Министерството за животна средина излегоа на терен

Засега не е познато за каква материја станува збор

Резултатите од анализите треба да покажат што ја предизвикало пената. Од Град Скопје најавија дека јавноста ќе биде информирана по утврдување на причините и дека, доколку се утврди одговорност, ќе следуваат соодветни мерки.

Засега не е познато за каква материја станува збор

-->