„Жена ми сака трето дете на 40 години и ми се заканува со развод ако одбијам“
40-годишен маж призна дека неговиот брак е во криза откако сопругата побарала уште едно дете, со јасна закана дека ќе се разведе ако не прифати. Двајцата веќе имаат две деца во средно училиште и долги години живееле според заеднички план, без намера за поголемо семејство. Но, сега, кога животот им донел нова рутина, жената драматично го променила мислењето.
In This Article:
Васектомија по второто дете, а сега нов ултиматум од сопругата
Мажот објаснува дека направил васектомија веднаш по второто дете, затоа што тоа било нивната заедничка одлука. „100% сум завршен со деца, ги сакам овие што ги имам и тоа ми е доволно", напиша тој. Но, сопругата наеднаш барала да го смени овој договор и дури е подготвена и да го жртвува бракот.
Терапија, но без напредок
Двојката посетувала брачен советник секоја втора недела, но според сопругот, тие никако не можат да постигнат напредок или вистинско разбирање надвор од тие кратки сесии. Тој чувствува дека ова барање можеби е резултат на средовечна криза и желба да се избегне празнината што ја носи новата животна фаза.
Совети од интернет: „Треба да ја сослушаш, но не мора да се согласиш”
Читателите имаа поделени мислења: едни велат тој има право да одбие, други советуваат да слушне зошто толку силно го сака ова. Како што пишува една жена, и самата почувствувала сличен нагон, но откако нејзиниот сопруг ја сфатил сериозно, желбата исчезнала. Често и хормоните ја прават својата работа додека жената се соочува со крајот на мајчинството.
Реалноста е сурова: Повратна васектомија можеби е невозможна, а грижата за бебе до 60-та година е сериозен подвиг
Еден корисник советува: „Пред да донесете одлука, искрено разговарајте за реалноста – повратната васектомија можеби нема да успее, шансите за бременост се мали на оваа возраст, а емоционалното и физичкото оптоварување е големо. Кога второто дете ќе заврши средно училише, мажот сонува за мирна пензија – можеби и сам, ако сопругата опстои на својот услов“.