No Image x 0.00 + POST No Image

Доналд Трамп се фали: „Завршив 6 војни за 6 месеци!“ Дали навистина?

SHARE
0

Американскиот претседател Доналд Трамп самоуверено истапи дека го спречил нуклеарниот судир и ги завршил шесте најопасни светски конфликти за само шест месеци — сѐ со цел да освои Нобеловата награда за мир. На прагот на клучна средба со украинскиот претседател Зеленски, Трамп пак ја истакна својата улога како светски чувар на мирот. Но, колку од овие твдења се вистина, а колку се политички маркетинг?

Доналд Трамп се фали: „Завршив 6 војни за 6 месеци!“ Дали навистина?

Кои се шесте конфликти што Трамп вели дека ги спречил?

Трамп инсистира дека ги реши најгорливите воени точки на планетата: од кризниот судир меѓу Индија и Пакистан, преку ситуацијата меѓу Иран и Израел, до историските непријателства на Тајланд и Камбоџа, и конфликтот меѓу Ерменија и Азербејџан за Нагорно-Карабах. Но неговите интервенции, макар и громогласно најавени, често беа обележани со краткотрајни примирја, несогласувања или полемики околу вистинскиот ефект.

Кои се шесте конфликти што Трамп вели дека ги спречил?

Дипломатијата на Трамп: Шоу или мир?

Посредувањето на Трамп меѓу Индија и Пакистан беше проследено со пофалби од Пакистан и молк од Индија, која тврдеше дека прекинот на огнот се случил по директен контакт меѓу двете земји, без вмешаност на САД. За конфликтот меѓу Иран и Израел, и покрај прогласеното примирје, не згаснаа тензиите и беше постигната само привремена пауза во насилствата.

Дипломатијата на Трамп: Шоу или мир?

Мир на хартија, но вистинските проблеми остануваат нерешени

Во случајот со Тајланд и Камбоџа, Трамп притисна и двете држави да потпишат прекин на огнот, но прекршувањата на примирјето веднаш следеа и суштинскиот граничен спор остана нерешен. Слично, и кога Ерменија и Азербејџан потпишаа мировен договор во Белата куќа, вистинската трајност на тој мир сѐ уште е под прашалник, и покрај церемонијалното ракување под сенката на Трамп.

Мир на хартија, но вистинските проблеми остануваат нерешени

Најголемите предизвици на Трамп – Украина и Газа остануваат нерешени

И покрај неговите тврдења, најактуелните и крвави конфликти – војната меѓу Русија и Украина, како и израелската офанзива против Хамас во Газа – и понатаму остануваат нерешени. Привремените мировни иницијативи не донесоа вистински прекин на огнот. И во разговорите со Зеленски, Трамп призна дека овие војни се меѓу најкомплексните и оти патот до вистински и траен мир е уште долг и неизвесен.

Најголемите предизвици на Трамп – Украина и Газа остануваат нерешени

Линијата меѓу дипломатскиот успех и политичката пропаганда

Додека Трамп тврдеше дека шест војни се завршени за шест месеци, експертите гледаат на овие изјави со доза на скепса и истакнуваат дека вистинскиот мир бара нешто повеќе од медиумски спектакл и бомбастични објави на социјалните мрежи. Примирјата што ги прослави како успеси често беа делумни, кратки или привремени. Најтешките светски конфликти остануваат отворени, а иднината на светскиот мир сѐ уште е неизвесна.

Линијата меѓу дипломатскиот успех и политичката пропаганда