No Image x 0.00 + POST No Image

Домашна храна на Амишки буџет: Eфтини рецепти за сечие задоволство

SHARE
0

Подготвувањето вкусна органска храна знае да биде вистински предизвик, особено кога готвите за деца или имате ограничен буџет. Денешната навика за лесно купување желе или гранола барчиња од продавница значи дека здравата исхрана често бара повеќе пари и време – со постојано читање на состојките и истражување што тие всушност значат. Секако, свежото овошје и зеленчук се секогаш здрав избор, но не се толку забавни како омилените грицки. Па, како да се добие истиот вкус на слатките задоволства, но на поздрава верзија? Одговорот го има Ловина Зук.

Домашна храна на Амишки буџет: Eфтини рецепти за сечие задоволство

Ловина Зук нè учи да правиме здрави верзии на омилените грицки

Таа пораснала во строга амиш заедница, без пристап до технологија или модерни удобности, но откако ја напуштила верата, знаењето од едноставниот живот останало со неа. Сега тоа знаење го споделува на социјалните мрежи, каде што учи други како да направат здрави домашни верзии на нивните омилени индустриски производи. Нејзините едноставни и ефтини рецепти станале вистински хит – нејзиното видео за домашен путер со само два состојки (павлака и сол) има речиси 20 милиони прегледи.

Ловина Зук нè учи да правиме здрави верзии на омилените грицки

Од домашен путер до маршмелоу – вкусно, здраво и достапно

Видео рецептот за желе од грозје со три состојки има 17,4 милиони прегледи. Се користат органски сок од грозје, органски шеќер и пектин. Сѐ се вари кратко, се става во тегли и се остава да се олади – резултатот е совршено мазно домашно желе за цена колку една продавнична тегла. Многумина ѝ изразуваат поддршка: „Најдобриот канал за готвење за почетници“, „Амиш храната е најорганска и највкусна“ – се дел од коментарите. Во поновите видеа, Зук покажува како да се направат домашни маршмелоу, гранола барови, крекери и дури и сирење. И покрај тоа што не е навикната на интернет културата, нејзините следбеници ја поддржуваат и ја охрабруваат да не се менува. Откако започнала со видеата, таа успеа да заработува и објави дигитална книга со над 150 амиш рецепти.

Од домашен путер до маршмелоу – вкусно, здраво и достапно