Додека нашите само апелираат, Турција уапси 40 лица поради поскапување на храната
Во голема полициска и правосудна акција во Турција, 40 лица завршија во притвор откако беа обвинети за вештачко и неоправдано зголемување на цените на свежиот зеленчук и овошје. Одлуката ја донесе надлежниот суд во Истанбул, по обемна истрага што ја водеше Истанбулското обвинителство за организиран криминал.
In This Article:
Одборот за конкуренција, Министерството за трговија и 1.029 земјоделци влегле во истата истрага
Постапката била покрената врз основа на анализи и детални извештаи од надлежните институции, но и од пазарните управи на големите градови Истанбул, Анкара, Измир, Мерсин и Анталија. Инспекторите од Даночната управа земале изјави од земјоделците за да утврдат како реално се движеле набавните цени, пред да се појават сомнежите за манипулации на пазарот.
Претреси на 109 локации во 22 турски провинции, меѓу осомничените и менаџери на 41 компанија
Полициските тимови за борба против финансиски криминал влегле во деловни простории и домови низ земјата. При акцијата биле уапсени директори и менаџери на големи дистрибутерски компании, за кои властите тврдат дека учествувале во манипулирање со цените на пазарот.
Едно лице е во бегство, а по испрашувањето судијата одредил притвор за сите приведени
Осомничените биле спроведени во Истанбулскиот суд, каде што најпрво биле испрашани од јавен обвинител, а потоа судијата им одредил мерка притвор. Полицијата се уште трага по уште едно лице. Со ова, турските власти испратија јасна порака дека неконтролираното профитерство врз грбот на граѓаните нема да се толерира.