Дизни го прекинува продолжението на омилениот анимиран класик затоа што ликот е премногу с*кси, тврди режисерот
Во последниве години, Дизни презеде низа чекори за да стане поинклузивна – од укинување на родово обележаните поздрави во парковите, до отстранување на навредливи слики од возењата и филмовите. Но, не сите се согласуваат со овие промени; некои сметаат дека компанијата претерува со таканаречената „пробудена“ политика.Режисерот Роберт Земекис, авторот на култната анимација „Кој го намести зајакот Роџер?“, откри дека Дизни не сака да снима продолжение поради тоа што ликот Џесика Рабит е премногу секси според нивните денешни стандарди.
In This Article:
Продолжението на „Кој го намести зајакот Роџер?“ никогаш нема да го види светлото на денот поради изгледот на Џесика
Филмот „Кој го намести зајакот Роџер?“ излезе во 1988 година и стана светски хит, заработувајќи 351 милион долари со генијална комбинација на цртани и живи актери. Иако Земекис имал подготвено сценарио за втор дел и вели дека фановите со радост би го дочекале, Дизни никогаш не дал зелено светло. Според режисерот, компанијата денес „никогаш не би снимала Роџер Рабит“, а посочува дека имаат проблем со Џесика Рабит — жена со гламурозен изглед, провокативен црвен фустан, позната по нејзината секси појава.
Дизни ја промени Џесика Рабит и ја направи „пристојна“ за тематските паркови
Роберт Земекис посочува дека Дизни веќе го смени изгледот на Џесика во тематските паркови — од провокативна дама, таа беше „облечена во масивен мантил“, за да биде посоодветна според новите политики на компанијата. „Нема шанси да се сними нов дел со Џесика во старата верзија“, тврди режисерот. Тој не сакаше да ја менува суштината на ликот: „Го правам ова онака како што би го направил Волт Дизни. Тој никогаш не правеше филмови само за деца, туку и за возрасни“.
Дизни продолжува да ги менува класиците: повеќе инклузија, но до каде?
Во последниве години, Дизни ги менува старите класици со нови, „прогресивни“ елементи: од новата „Снежана“ со разнолики магични суштества на место џуџињата, до геј бакнеж во „Лајтиер“, како и „модерниот“ костум на Мини Маус. Многу луѓе ги поздравуваат овие измени, но некои се прашуваат дали компанијата оди предалеку и дали ги губи автентичноста и шармот на оригиналите во својата „разбудена“ ера.