No Image x 0.00 + POST No Image

Дизајнер ја создаде „најгрдата хавајска кошула на светот“ за да се скрие од камерите со вештачка интелигенција

SHARE
20

Додека некои активисти за заштита на приватноста се решаваат на радикални потези, па дури и физички ги отстрануваат столбовите со надзорни камери, еден уметник пронашол многу понеобичен начин да му се спротивстави на сè поприсутниот надзор – со веројатно најгрдата хавајска кошула што сте ја виделе.

Дизајнер ја создаде „најгрдата хавајска кошула на светот“ за да се скрие од камерите со вештачка интелигенција

Розови, портокалови и зелени дамки ја кршат линијата што алгоритмот ја бара

Германскиот дизајнер Симон Векерт ја создал необичната кошула со цел нејзиниот носител да биде потешко препознатлив за системите за видеонадзор што користат вештачка интелигенција. Кошулата е прекриена со хаотична комбинација од бои, форми и дезени, а токму во тоа се крие нејзината функција. Векерт објаснува дека меѓусебното дејство на боите и облиците е осмислено така што ги збунува алгоритмите за препознавање и им отежнува правилно да го детектираат човекот што ја носи.

Розови, портокалови и зелени дамки ја кршат линијата што алгоритмот ја бара

„За машината, човекот е пакет визуелни статистики“

„Системите со вештачка интелигенција се составени од повеќе слоеви и тие никогаш навистина не научиле што е човек – научиле само како луѓето статистички изгледаат врз основа на милиони фотографии користени за нивно обучување“, изјави дизајнерот за Dezeen. „За машината, човекот е збир од визуелни карактеристики и токму тука се крие нејзината слабост.“ Розовите, портокаловите и зелените форми распоредени низ кошулата се поставени така што ја „прекинуваат целината на контурите на човечкото тело“. Како што објаснува Векерт, на тој начин системот за детекција потешко успева различните делови да ги препознае како една човечка фигура. „За човековото око изгледа како речиси хипнотизирачки дезен на ткаенина, а за моделот со ВИ – како ништо“, вели тој.

„За машината, човекот е пакет визуелни статистики“

Иронијата е што Векерт користел токму вештачка интелигенција за да создаде дезен што треба да ја измами вештачката интелигенција

Дизајнот го развивал преку постојано тестирање и коригирање: ВИ проверувала дали препознава човек, а дезенот се менувал сè додека системот не почнал да „греши“. Идејата потсетува и на фиктивната „најгрда маица на светот“ од романот Zero History на Вилијам Гибсон од 2010 година, опишана како нешто што ги надминува и панкот и уметноста и на некој начин претставува вистинска навреда за окото. Векерт, кој себеси се опишува како „современ дигитален волшебник“, и претходно привлекувал внимание со необични експерименти. Во 2020 година тој прошета низ улиците на Берлин влечејќи количка полна со 99 паметни телефони, со што успеа да го измами Google Maps дека на улиците има огромен сообраќаен метеж – иако тие практично биле празни.

Иронијата е што Векерт користел токму вештачка интелигенција за да создаде дезен што треба да ја измами вештачката интелигенција

-->