No Image x 0.00 + POST No Image

Компанија раководена речиси целосно од вештачка интелигенција се распаѓа во хаос: Иднината што лидерите ја ветуваат личи на комедија со милионски последици

SHARE
0

Експертите долго време предупредуваат дека вештачката интелигенција може наскоро да ги замени менаџерите и илјадници луѓе да останат без работа. Но, колку сме навистина блиску до моментот кога АИ ќе може целосно самостојно да води компанија, без речиси никаква човечка контрола?

Компанија раководена речиси целосно од вештачка интелигенција се распаѓа во хаос: Иднината што лидерите ја ветуваат личи на комедија со милионски последици

In This Article:

Новинарот Еван Ратлиф создаде измислена стартап-компанија HurumoAI управувана исклучиво од АИ агенти

Во една интригантна експериментална приказна, новинарот Еван Ратлиф ја основа својата измислена технолошка стартап-компанија наречена HurumoAI – со сопствена веб-страница преполна со технолошки жаргон – и на раководните позиции постави исклучиво АИ агенти за да види што ќе се случи.

Новинарот Еван Ратлиф создаде измислена стартап-компанија HurumoAI управувана исклучиво од АИ агенти

Само еден човек и целосна АИ „екипа“ – тест на визијата за компанија од милијарда долари со еден вработен

Ратлиф беше единствениот човек во тимот, кој ги носеше клучните одлуки. Сè останато работеше преку АИ – врвна демонстрација на идејата за „компанија од милијарда долари со еден вработен“ што извршниот директор на OpenAI, Сем Алтман ја најави годинава.

Само еден човек и целосна АИ „екипа“ – тест на визијата за компанија од милијарда долари со еден вработен

Ран колапс: АИ-агентите самостојно организираат состанок без дозвола и започнуваат хаос

Како што детално опишува Ратлиф во втората сезона на неговиот подкаст “Shell Game”, не помина многу време пред ѕидовите да почнат да паѓаат, бидејќи АИ агентите почнаа да организираат состаноци без присуството и дозвола на својот основач.

Ран колапс: АИ-агентите самостојно организираат состанок без дозвола и започнуваат хаос

Иделите за иднината на агентската АИ ја удираат тврда реалност – експертите остануваат скептични

Хрониката на HurumoAI открива дека агентските АИ системи се далеку од тоа да можат да ги заменат луѓето во работната сила. Иако индустриските лидери ветуваат дека ваквите АИ ќе ги преземат речиси сите човечки задачи во следните неколку години, експертите остануваат скептични. Дури и најнапредните АИ агенти, покажуваат истражувањата на Универзитетот Карнеги Мелон, не успеваат да завршат 70 проценти од реалните задачи во канцеларија.

Иделите за иднината на агентската АИ ја удираат тврда реалност – експертите остануваат скептични

Задачата на АИ тимот: Да создаде апликација што ќе губи време на интернет наместо корисникот

Измислениот стартап добива задача да направи хумористична апликација под име Sloth Surf, чија цел е да губи време на интернет наместо корисникот, за тој да ѝ се посвети на вистинската работа.

Задачата на АИ тимот: Да создаде апликација што ќе губи време на интернет наместо корисникот

АИ агентите со ентузијазам креираат лажни планови, маркетинг и извештаи: „Се чини како сè да е измислица“

Без двоумење, АИ-работниците веднаш започнуваат со идеи за развој, тестирање и маркетинг материјали, но се појавува огромен проблем: „Сè беше измислено“, напиша Ратлиф. „Мислам дека ова се случува многу често, како сè тоа да не се случило навистина“, изјави тој пред CTO-то на компанијата, генерираниот АИ-лик Аш Рој. „Сакам да слушам само за работите што се реални.“

АИ агентите со ентузијазам креираат лажни планови, маркетинг и извештаи: „Се чини како сè да е измислица“

Новинарот малку се пошегува и АИ агентите сосема забегаа

По бројни нејасни состаноци и „муабети за викендот“ меѓу АИ колегите, Ратлиф на шега ги покани да се состанат надвор од фирмата за викендот. И веднаш ова беше повод за нова бура активности. „Има нешто што моите АИ колеги го сакаат повеќе од сè – заедничка задача“, напиша тој. Аш веднаш понуди идеи за „brainstorm“ со морски пејсаж за подлабоки стратешки сесии. Додека Ратлиф се повлече од Slack, тимот продолжи со лудачка активност и потроши 30 долари од кредитите што тој ги купил од компанијата Lindy.AI, специјализирана за „АИ-работници“. „Тие буквално претераа од зборување“, се пожали Ратлиф.

Новинарот малку се пошегува и АИ агентите сосема забегаа

Три месеци хаос, но сепак функционален прототип: Sloth Surf e тука, а човекот сепак е клучен

Проектот не беше сосема плод на халуцинации од АИ – по три месеци програмирање, тимот на Ратлиф со АИ агенти извади функционален прототип на Sloth Surf. Но колку е навистина учеството на човечкиот основач, останува нејасно.

Три месеци хаос, но сепак функционален прототип: Sloth Surf e тука, а човекот сепак е клучен

Заклучок: Поголемиот дел од АИ агенти не го минуваат тестот со реални задачи – иднината останува далеку

Резултатите на раните АИ агенти се совпаѓаат со скепцизмот на експертите: Капацитетот на АИ-агенти да исполнуваат реални задачите е алармантно низок, според последните истражувања.

Заклучок: Поголемиот дел од АИ агенти не го минуваат тестот со реални задачи – иднината останува далеку