Забраната за мобилните телефони во училиштата ги променуваат децата до непрепознатливост, но не сите се среќни
Во последните неколку години, огромен број училишта во САД и ширум светот ги забранија мобилните телефони меѓу учениците. Станува збор за контроверзна тема, а последиците дури сега почнуваат да стануваат видливи. Само погледнете го случајот во Њујорк, каде што гувернерката Кети Хокул и законодавците воведоа забрана оваа пролет – сето тоа со цел децата да добијат малку мир од постојаните одвлекувања на вниманието во училиштата.
In This Article:
- По забраната за телефони, детскиот џагор и смеење повторно ја исполнуваат училишната менза
- Тишината исчезна, а нови пријателства се создаваат без телефоните
- Забраната важи за сите – освен за некои исклучоци, а повеќе од половина американски држави ја спроведоа оваа политика
- Родителите се загрижени поради итни ситуации, но наставниците се обединети: телефоните беа огромен извор на одвелкување на внимание
- Наместо телефон, сега мора да се истражува и да се комуницира вистински
- Враќање кон аналогијата: повторно се пишуваат белешки и писма, а се собираат Полароид фотографии од спомените
- Тотална промена: драстично намалено време пред екрани, а менталното здравје се подобрува
По забраната за телефони, детскиот џагор и смеење повторно ја исполнуваат училишната менза
Кога одговорните разговараат со ученици за нивните искуства со забраната, главното нешто што го забележуваат не е поврзано со зависност од социјални мрежи или сајбер-насилство. Наместо тоа, забраната ги тера децата да разговараат меѓусебно во реалност – а тоа значи и многу поголема бучава во училиштата, на добро или на лошо. „Понекогаш дремев во мензата, ама сега не можам поради бучавата“, вели 15-годишната Џимена Гарсија од Квинс. „Ама забавно е.“
Тишината исчезна, а нови пријателства се создаваат без телефоните
Тоа е драстична промена споредено со минатите полугодија кога децата молчеа и гледаа во телефоните, создавајќи атмосфера каде што буквално можеше да се слушне игла како паѓа на подот. „Ми се допаѓа што забраната овозможи учениците да се поврзат лично, да создаваат нови пријателства. Некои користеа телефон само за да се скријат од другите“, изјави Алиса Ко, 17-годишна претседателка на класот во училиштето на Гарсија.
Забраната важи за сите – освен за некои исклучоци, а повеќе од половина американски држави ја спроведоа оваа политика
Со неколку исклучоци, како за ученици со попреченост или оние кои учат англиски па им треба апликација за превод, забраната ги опфаќа сите уреди што имаат пристап до интернет за време на целиот училишен ден. До денес, најмалку 31 држава и главниот град Вашингтон воведоа некакви ограничувања на користењето телефони во училиштата.
Родителите се загрижени поради итни ситуации, но наставниците се обединети: телефоните беа огромен извор на одвелкување на внимание
Родителите често се против одлуката, од загриженост дека нема да можат да контактираат со своите деца во итни случаи до класично „хеликоптерско“ родителство, но наставниците даваат голема поддршка. Тие велат дека телефоните станаа апсолутно одвелкување на внимание во училишната средина. Според истражување меѓу наставните кадри во Њујоркската унија на наставници, резултатите се ветувачки: 89% од наставниците сметаат дека новите правила го подобриле училишното опкружување, 76% забележале подобрено учество во часовите, а 77% виделе повеќе позитивни социјални интеракции во и надвор од класот.
Наместо телефон, сега мора да се истражува и да се комуницира вистински
„Сега, кога добиеме компјутер, мора да истражувам длабоко наместо веднаш да одам на вештачка интелигенција,“ изјави уште еден ученик од Њујорк. Сепак, забраната не им се допаѓа на сите ученици. Енафши Баруа, 14-годишна ученичка, принципиелно e против. „Мислам дека нема доверба меѓу учениците и наставниците. Тоа треба да се изгради, а не да се забрануваат телефоните,“ вели таа.
Враќање кон аналогијата: повторно се пишуваат белешки и писма, а се собираат Полароид фотографии од спомените
Можеби најслатката промена од сите: се враќаат анахроничните активности како префрлување белешки во часот, пишување картички за симпатии и правење Полароид фотографии со пријателите. „Во текот на средното училиште создаваме многу спомени што сакаме да ги искежиме,“ изјави Ко. „Имам многу Полароид фотографии залепени на ѕидот.“
Тотална промена: драстично намалено време пред екрани, а менталното здравје се подобрува
Блокирањето на интернетот на телефоните две недели доведе до длабоки промени во менталното здравје и способноста за концентрација, покажуваат истражувањата. Забраната на телефоните може целосно да ја промени динамиката во училиште. Некои ќе речат на подобро, некои на полошо, но едно е јасно: учениците конечно повторно се гледаат и слушаат во реалниот свет.