No Image x 0.00 + POST No Image

Далибор Петриниќ до жените: „Ако се ставате себеси на последно место ќе страдате и ќе останете далеку од вашите соништа и цели“

SHARE
25

„Ова според мене секоја жена треба да го носи со себе секојдневно како потсетник. Исто така, ова е една од најголемите причини зошто толку многу жени се несреќни, неисполнети и зошто имаат здравствени проблеми, и телесни и ментални“, порачува Далибор Петриниќ, личен тренер за реики терапии и автор на книги за здравје и вежбање.

Далибор Петриниќ до жените: „Ако се ставате себеси на последно место ќе страдате и ќе останете далеку од вашите соништа и цели“

Не сте ничиј роб и не сте дојдени да бидете слуга на другите, верувајте во себе и своите соништа

Пред сè, вие не сте ничиј роб. Не дозволувајте да ве искористуваат и манипулираат со вас. Не сте дојдени овде за да бидете слуги на другите. Верувајте во себе, во своите можности и во своите соништа. Не стремете се кон совршенство, туку кон секојдневни мали чекори. Не си создавајте стрес, веќе го имате премногу.

Не сте ничиј роб и не сте дојдени да бидете слуга на другите, верувајте во себе и своите соништа

Секојдневното ставање на последно место е причината за незадоволството и болката кај жените

Но, најважно од сè е да не се ставате на последно место. Зашто тоа го правите цел живот и токму тоа доведе до состојбата во која се наоѓаат повеќето од вас денес. Застанете на момент и запрашајте се: Каде трчам постојано како мува без глава? Мора ли сè јас самата да завршам? Мора ли самиот товар да го носам? И зошто секогаш се чувствувам виновна кога сакам нешто да направам за себе? Искрените одговори ќе ве ослободат, но пред тоа ќе ве налутат. И така треба, инаку никогаш нема да се поместите од сегашната состојба.

Секојдневното ставање на последно место е причината за незадоволството и болката кај жените

Вашите стравови и несигурности не сте вистинската вие, тоа се наметнати уверувања и слики од минатото

Морате да сфатите дека сите тие несигурности, проблеми со самодовербата, стравови, лош однос кон себе и сè негативно што го носите во себе – тоа не сте вие. Тоа се само всадени уверувања и реакции на искуства што сте ги имале во животот.

Вашите стравови и несигурности не сте вистинската вие, тоа се наметнати уверувања и слики од минатото

Љубете се себе, ставете се на прво место без вина и ќе одите неконтролирано кон целта

Кога ќе сфатите колку навистина сте прекрасни, кога ќе почнете повеќе да се сакате и почитувате, кога ќе разберете дека љубовта кон себе не е себичност и кога себе без трошка грижа ќе се ставите на прво, а не како досега на последно место, тогаш ќе започнете со незапирлива брзина да чекорите кон својата цел, без разлика каква е таа.

Љубете се себе, ставете се на прво место без вина и ќе одите неконтролирано кон целта

-->