No Image x 0.00 + POST No Image

Дали знаете зошто ви се замаглува погледот? Која е разликата меѓу кратковидост и далекувидост, и како тоа го одредува вашиот секојдневен живот

SHARE
0

Кратковидоста и далекувидоста се чести проблеми кои влијаат врз видот на луѓето. Тие можат да ја намалат јасноста на она што го гледаме, но на различен начин. Дали некогаш сте се запрашале зошто одблиску гледате остро, а далечното ви се замаглува, или обратно? Еве зошто се случува тоа и што значи за вас.

Дали знаете зошто ви се замаглува погледот? Која е разликата меѓу кратковидост и далекувидост, и како тоа го одредува вашиот секојдневен живот

Кратковидост: Јасно гледање одблиску, но предметите во далечина се нејасни

Луѓето со кратковидост (мипопија) имаат потешкотии да ги гледаат предметите на растојание. За нив, поблиските објекти се појасни. Кога гледаат објекти кои се оддалечени, сликата станува замаглена и нејасна. Кратковидоста настанува кога кривината на корнеата е премногу стрмна или окото е предолго, па светлината се фокусира пред ретината, а не на неа. Затоа, далечните предмети изгледаат замаглено.

Кратковидост: Јасно гледање одблиску, но предметите во далечина се нејасни

Далекувидост: Далечниот свет е јасен, но тешко е да се фокусира на блиските објекти

Далекувидоста (хиперопија) е спротивноста на кратковидоста. Луѓето со овој проблем јасно ги гледаат предметите што се оддалечени, но имаат тешкотии да се фокусираат на оние кои се близу. Ова го отежнува секојдневното читање, работа или гледање телевизија. Последиците може да бидат напрегање на очите, замор и главоболки. Далекувидоста се појавува кога растојанието од предниот до задниот дел на корнеата не е соодветно, односно кога има премногу мала кривина, па светлината се фокусира зад ретината.

Далекувидост: Далечниот свет е јасен, но тешко е да се фокусира на блиските објекти