No Image x 0.00 + POST No Image

Дали сме навистина сами во универзумот? НАСА објави теорија дека во Млечниот Пат постојат само незначителни, досадни цивилизации, а не мегамоќни вонземјани

SHARE
20

Човештвото сè уште нема најдено докази за вонземски живот, и покрај бескрајната вселена – што е парадоксално. Со сите можни домови за цивилизации, зошто не гледаме никакви траги од нив? Ова прашање е познато како Фермијевиот парадокс и има бројни објаснувања, од хипотези за „зоолошка градина" каде што вонземјаните небрежно не набљудуваат, до теории за уништувачки технологии или страв од крволочни видови.

Дали сме навистина сами во универзумот? НАСА објави теорија дека во Млечниот Пат постојат само незначителни, досадни цивилизации, а не мегамоќни вонземјани

NASA астрофизичар тврди: Вонземјаните не се суперинтелигентни – тие се малку понапредни од нас, но сè уште ограничени и обесхрабрени

Според најнов труд на астрофизичарот Робин Корбет од NASA, во Млечниот Пат можеби има само неколку скромни цивилизации. Тие не се технолошки богови, туку незначително понапредни од човештвото – исто така се мачат да најдат други интелигентни суштества и брзо се откажуваат од космичкиот лов поради ограничувања и ресурси. „Идејата е дека се понапредни, ама не многу. Тоа е како да имаш ајфон 42 наместо 17“, изјави Корбет. Овој став ја објаснува отсутноста на технолошки откриени вонземјани.

NASA астрофизичар тврди: Вонземјаните не се суперинтелигентни – тие се малку понапредни од нас, но сè уште ограничени и обесхрабрени

Зошто не ги гледаме?

Иако можеби имаат можност да патуваат до други ѕвезди, тие се соочуваат со истите проблеми како и ние – тоа е премногу бавно и прескапо. Не гледаме големи технолошки проекти, како обвивки околу ѕвезди за собирање енергија (Дајсонови сфери), бидејќи едноставно немаат капацитет за такви подвизи. Корбет вели: „Немaат побрзи-од-светлина технологии, ниту машини базирани на темна енергија или црни дупки. Само малку понапредни од нас – ништо екстремно.“

Зошто не ги гледаме?

Дали е ова премногу досаден универзум?

Мајкл Герет, директор на Jodrell Bank Centre for Astrophysics, има сосема спротивен став: „Мислам дека други, пост-биолошки цивилизации напредуваат толку брзо што испаѓаат од рамките на нашето перцепирање.“ Тој не верува дека сите интелигентни видови би биле толку монотони. Сепак, Корбетовата теорија е трезвена контра на фантастичните замисли – можеби интелигентниот живот на останатите планети не е возбудлив како во научната фантастика, туку е ограничен и , како што вели Гарет, „удобно мрзлив“... но и тоа е дел од мистеријата на универзумот.

Дали е ова премногу досаден универзум?