No Image x 0.00 + POST No Image

Американска конгресменка тврди: Паднатите ангели од Библијата биле всушност вонземјани што ја напаѓале Земјата

SHARE
25

Во светот на политиката ретко кој успева да ги шокира граѓаните со неочекувани спојувања на религија, наука и теорија на заговор колку што тоа го направи конгресменката Ана Паулина Луна од Флорида. Со милионски прегледи на социјалните мрежи, таа поврзува древни библиски приказни со идејата дека Земјата била посетена од вонземјани уште во старо време – и тврди дека токму таму лежи вистината која сите ја избегнуваат.

Американска конгресменка тврди: Паднатите ангели од Библијата биле всушност вонземјани што ја напаѓале Земјата

Луна ја поврзува Книгата на Енох со вонземски контакти и ги предизвикува религиозните догми

„Прочитајте ја Книгата на Енох“, напиша Луна на X, оставајќи ја оваа порака на врвот од својот профил. Таа, како актуелна претседателка на Одборот за надзор на Претставничкиот дом што работи на декласифицирање државни тајни, се повика на еврејскиот религиски текст од 300 до 100 година пред нашата ера, кој зборува за Енох – прадедото на Ное. Според „Книгата на Пазачите“ (дел од Книгата на Енох), група од 200 ангели, наречени Пазачи, слегле на Земјата и имале деца со човечки жени, создавајќи древна раса на џинови пред потопот. Но, овие суштества на човештвото му откриле и забранети знаења за магија и изработка на оружја. Контроверзниот текст е отстранет од официјалните религиски канони кај Евреите, протестантите и католиците, но Луна инсистира дека неговото исклучување е обид да се скрие контакт со вонземјани во античко време.

Луна ја поврзува Книгата на Енох со вонземски контакти и ги предизвикува религиозните догми

Од Стариот до Новиот завет: Сликата на Дева Марија и Исус, според Луна, сведочи за НЛО во древноста

Набрзо по првата објава, Луна сподели слика од ренесансната уметност "Мадона со Младенецот Исус и малиот Јован" на Доменико Гирландајо. Позната како „Нашата Госпа од Летечката Чинија“ или „Мадоната на НЛО“, оваа слика привлекува внимание поради кружен објект кој изгледа како куполест летачки диск што испушта зраци. Многу луѓе се убедени дека тоа е древен доказ за вонземско присуство.

Од Стариот до Новиот завет: Сликата на Дева Марија и Исус, според Луна, сведочи за НЛО во древноста

Реакции на јавноста: Поддршка и скептицизам околу вонземјаните во светите текстови

Серијата објави на Луна ги возбуди љубителите на теории на заговор. „Драго ми е што го истакнуваш ова, одамна го знам целиот наратив и сликите“, коментираше еден поддржувач. Друг додаде: „Леонардо да Винчи знаел“, додека трет категорично пишува: „Вистината е пред нашите очи!" Но, скептиците беа гласни: „Книга одбиена како Божји збор... во неа има нешто вистина, но сето тоа треба да се земе со резерва“. Друг тврди: „Тоа е како стрип напишан илјадници години по Енох. Нема доказ за авторството на Енох. Не е канонска. Можеш исто да препорачаш луѓето да читаат Infinity War.“

Реакции на јавноста: Поддршка и скептицизам околу вонземјаните во светите текстови

Луна инсистира: Документирани се неидентификувани објекти уште од антиката и институциите кријат докази

Во своето појавување на подкастот „Joe Rogan Experience“ во 2025, Луна објаснува дека иако нема лично видено НЛО, има разгледано фотографии од вселенски летала што не се човечки производ и смета дека тоа има историско значење. „Постојат повеќе настани што датираат, би рекла, можеби уште пред времето на Христос, и се документирани во текстови? Да“, изјави Луна. Таа ги повика следбениците повторно да ја прочитаат Книгата на Енох како клучна за разбирање на модерните НЛО теории, тврдејќи дека во древноста ангелите можеби биле погрешно идентификувани вонземјани. Истовремено, го обвини Пентагон дека не ги исполнува обврските за јавно објавување на 46 видеа со НЛО до 15 април, и ги обвини за прикривање: „Изгледа дека некој не го пренел писмото до соодветните служби. Каква погодност. Сепак, ќе ја добиеме бараната листа“, напиша Луна.

Луна инсистира: Документирани се неидентификувани објекти уште од антиката и институциите кријат докази

Дебатата продолжува: Дали древните текстови кријат доказ за вонземјански посети или само митологија?

Додека дел од јавноста смета дека Книгата на Енох е дел од етиопската Библија и дека нејзиното исклучување од западниот канон било резултат на цензура, критичарите велат дека се работи за недокажани преданија наречени Псевдопиграфија, уште подалеку од канонските текстови. Мнозина загрижени гледачи на политичката сцена во Америка сметаат дека ваквите ставови кај избраните преставници будат повеќе страв отколку надеж.

Дебатата продолжува: Дали древните текстови кријат доказ за вонземјански посети или само митологија?

-->