No Image x 0.00 + POST No Image

Дали корејките ја пронајдоа Фонтаната на младоста? Изненадувачки тајни зад нивната вечна убавина и младоликост

SHARE
0

Убавината во Јужна Кореја не е само идеал – таа отвора врати во кариерата и приватниот живот. Таму често предност имаат оние со најпривлечен надворешен изглед, додека жените се подложени на особено строги критериуми. Како успеваат корејките да ја зачуваат совршената кожа и младешкиот изглед според кој целиот свет ги препознава?

Дали корејките ја пронајдоа Фонтаната на младоста? Изненадувачки тајни зад нивната вечна убавина и младоликост

Пластична хирургија? Да, но тајната не завршува овде

Во Кореја посетата на естетски клиники не е табу и често се смета за подарок, дури и на матурска вечер. Но, вистинските тајни не се само во скалпелот. Корејките секојдневно практикуваат внимателен нега: од најрана возраст користат козметика создадена специјално за млади луѓе и со природни состојки како слуз од полжав, екстракт од зелен чај и други природни компоненти.

Пластична хирургија? Да, но тајната не завршува овде

Исхрана како прв чекор кон здравје и убавина – во чинијата доминираат житарки, морски плодови, овошје и зеленчук

Корејките веруваат во златното правило: ти си она што го јадеш. Оттука, исхраната им се состои од разновидни житарки, морски плодови, свежо овошје и зеленчук. Ретко консумираат месо, а кога го има, тоа е секогаш парено. Пијат само чиста вода, што дополнително ја одржува кожата хидрирана и младолика.

Исхрана како прв чекор кон здравје и убавина – во чинијата доминираат житарки, морски плодови, овошје и зеленчук

Водата и хидратацијата – најсилното оружје против брчките и стареењето на кожата

Сувиот воздух е непријател број еден на корејската кожа. Затоа хидратантни спрејови се постојан придружник, а во домовите и канцелариите постојано се користат овлажнувачи на воздухот. Дехидрацијата и појавата на брчки се спречуваат со внимателна нега и редовна употреба на термална вода.

Водата и хидратацијата – најсилното оружје против брчките и стареењето на кожата

Ригорозни дневни рутини

Во козметичкото несесерче на секоја корејка наоѓаме околу 17 производи за нега на кожата – серуми, емулзии, масла и креми со SPF фактор. Белиот тен сѐ уште се смета за симбол на благородништво и затоа се избегнува сонцето, дури и кога не излегуваат надвор. Популарен е методот „4-2-4“ – 4 минути масирање со масло, 2 минути пенлива масажа, 4 минути миење. Финалниот ритуал е само благо попрскување по лицето, без агресивно бришење.

Ригорозни дневни рутини

Маски, пилинзи и природни додатоци

Маските се задолжителен дел од нега рутина, затоа што обезбедуваат максимален контакт на кожата со активните состојки. Посебно внимание се посветува на пределот околу очите и користење на природни пилинзи. За ова служи и сунѓерот Конјака – кога е сув е тврд како камен, но кога ќе впие вода добива нежна, еластична текстура за чистење.

Маски, пилинзи и природни додатоци

СПА-салони што не затвораат

Посетата на СПА-салон е вистински ритуал за Корејките. Овие уникатни центри работат 24 часа – таму жените не само што добиваат третмани, туку и читаат, слушаат музика, пијат чај, па дури и остануваат да преспијат. СПА-центрите се доживуваат многу повеќе како оаза за душата и телото отколку обична козметичка установа.

СПА-салони што не затвораат