No Image x 0.00 + POST No Image

Дали електричните автомобили навистина ќе ви заштедат пари или само ќе ве чинат повеќе? Реалната сметка по три години крие непријатни изненадувања

SHARE
25

Дебатата трае долго: дали навистина ќе заштедите ако преминете на електричен автомобил? Додека приврзаниците на EV ги истакнуваат ниските трошоци за „полнење“, љубителите на бензин и дизел мотори сметаат дека штедењето е минимално или непостоечко, со оглед на непрактичноста околу полнењето и ограничената автономија. За да се разреши дилемата, британското списание Auto Express ги анализираше пет најпопуларни автомодели каде што постојат и бензински и електрични верзии. Сметката ги покрива сите трошоци за тригодишно користење – куповна цена, гориво/полнење, одржување и данок. Резултатите? Евтината електрична енергија не е гаранција за евтина вкупна сметка – високите куповни цени, брзата депрецијација и поголемото осигурување можат да ја избришат целата потенцијална заштеда.

Дали електричните автомобили навистина ќе ви заштедат пари или само ќе ве чинат повеќе? Реалната сметка по три години крие непријатни изненадувања

Проучени 5 модели – бензин vs електрични: Анализата покажува дека само во еден случај EV е навистина поевтин

Auto Express направи детална споредба помеѓу бензински и електрични верзии на пет популарни модели за тригодишен период и 58.000 километри. Користејќи реални цени и сценарија за полнење, најточно беа пресметани сите трошоци кои ги очекуваат возачите. Том Џервис, потрошувачки новинар во Auto Express, изјави: „Електричните автомобили сè уште се драстично поевтини за полнење во споредба со бензинските, но нашите податоци покажуваат дека тоа не значи автоматски дека се поевтини за поседување. Кога ќе го пресметате падот на вредноста, осигурувањето и основната цена, заштедата може многу брзо да исчезне.“ Само кај еден модел електричката верзија била реално поевтина. На други места, разликата е занемарлива или во полза на бензинците. Затоа, студијата советува возачите барем уште сега да се држат до бензинските модели, додека сè уште се достапни, пред планираната забрана на нови возила со мотори со внатрешно согорување во 2030 година.

Проучени 5 модели – бензин vs електрични: Анализата покажува дека само во еден случај EV е навистина поевтин

Електричната енергија може да биде 70% поевтина од бензинот, но јавните полначи и ДДВ ја зголемуваат сметката

Студијата користи просечни домашни цени на струја и проценка дека 84% од полнењето е дома, а 16% на јавни полначи. Полнењето на Volkswagen ID.3 чини над 1.750 евра за 58.000 километри, додека бензински Volkswagen Golf за истата километража одзема околу 4.550 евра за гориво. Vauxhall Corsa Electric има најголема заштеда: полнењето е околу 70% поевтино од бензинската верзија. Но, резултатите се силно зависни од местото на полнење. Ако почесто се користат јавни брзи полначи, цената за ID.3 може да достигне и до 5.250 евра, што е 15% поскапо од бензинскиот Golf, и за тоа придонесува и повисоката стапка на ДДВ (20% за јавни полначи наспроти 5% дома). „Полнењето на EV дома чини помалку од половина од цената на бензинот во секое сценарио кое го тестиравме“, вели Том. „Но, оние кои се потпираат на јавни брзи полначи може да платат исто или дури и повеќе од бензин, што ја менува целата финансиска равенка.“

Електричната енергија може да биде 70% поевтина од бензинот, но јавните полначи и ДДВ ја зголемуваат сметката

Оддржувањето за ЕВ чини помалку, но драстичната депрецијација ги јаде сите заштеди

Електричните автомобили заштедуваат околу 200–300 евра на сервисирање за три години во споредба со бензинските. Skoda Elroq, на пример, треба само еднаш да се сервисира во три години (318 евра), додека бензинска Skoda Karoq бара 552 евра. Најголема сервисна разлика е кај Corsa – EV моделот троши само 283 евра за сервис во три години, а бензинецот дури 986 евра. Сепак, депрецијацијата е убедливо најтежок товар за електричните автомобили. Vauxhall Corsa Electric по три години вреди само 33% од новата цена, односно падот на вредност го сочинува повеќе од 80% од вкупниот трошок за поседување. За бензинската Corsa, остануваат 47% од вредноста. Volkswagen ID.3 губи над 24.500 евра во вредност, додека Golf „само“ 21.000 евра. BMW i4 EV изгуби скоро 37.500 евра, задржувајќи 40% од новата вредност, додека бензинецот 4 Series Gran Coupe ја задржува половината (50%). „Во четири од пет споредби, електричните верзии брзо ја губат вредноста во однос на бензинците“, вели Том Џервис. „Во некои случаи, само депрецијацијата ги брише годините на поевтино полнење.“

Оддржувањето за ЕВ чини помалку, но драстичната депрецијација ги јаде сите заштеди

Осигурувањето и даноците често скапи за ЕВ

Истражувањето покажува дека електричните автомобили може да чинат речиси 1.200 евра повеќе за осигурување за три години. На пример, за BMW 4 Series Gran Coupe M Sport осигурувањето е 4.500 евра за тригодишен период, наспроти 3.200 евра за бензинската верзија. Додека досега ЕВ беа ослободени од данок на возила, сега и тие плаќаат иста ВЕД (данок на возила) како и бензинците. Мал „плус“ за EV е што годишниот лимит за „луксузен“ данок (425 евра) се зголемува од април – од 40.000 на 50.000 евра само за електричните автомобили, додека за другите (бензин, дизел, хибрид) и натаму е 40.000 евра. Но, многу скапи ЕВ, како BMW i4, сè уште паѓаат под овој данок и тоа собира повеќе од 1.400 евра за три години.

Осигурувањето и даноците често скапи за ЕВ

Кој модел е најисплатлив? Само кај Skoda Elroq и Ford Puma Gen–E вреди да се размисли, кај BMW разликата е шокантна во полза на бензинците

Според студијата, има јасни победници во сегментите. Skoda Elroq троши речиси 5.800 евра помалку за три години споредено со бензинската Karoq. Ford Puma Gen-E исто така е поевтин, но разликата е минимална – само 33 евра на 58.000 км. Спротивно, бензинската Corsa е над 3.500 евра поевтина од електричната, а VW Golf е околу 1.600 евра поевтин од електричниот ID.3. Но најголема разлика е кај BMW – бензинската 4 Series Gran Coupe M Sport е дури 6.500 евра поевтина за три години и 58.000 километри споредено со електричниот i4 M Sport. Auto Express заклучува дека конечните трошоци зависат од индивидуалните навики на возење и околности: „Колку повеќе се вози, толку повеќе предноста се враќа кон ЕВ.“ Но, депрецијацијата засега останува најголемата пречка. Том Џервис заклучува: „Електричните автомобили можат да бидат финансиски исплатливи, но изборот на конкретна електрична верзија е клучен. Купувачите треба да направат детални пресметки и да гледаат подалеку од само трошоците за полнење пред да се одлучат.“

Кој модел е најисплатлив? Само кај Skoda Elroq и Ford Puma Gen–E вреди да се размисли, кај BMW разликата е шокантна во полза на бензинците

-->