No Image x 0.00 + POST No Image

Чудо на преживување: Дете падна од 73 метри и три дена преживеа во провалија без храна и вода

SHARE
20

Дакота „Коди“ Тренкл Џуниор, 13-годишно момче од Мисури, преживеа неверојатна несреќа: по пад од 73 метри во длабока провалија, тој помина три дена без храна и вода, борејќи се за својот живот. Но, иако беше спасен против сите шанси, семејството сега се соочува со нови здравствени предизвици додека Коди закрепнува. Неговата мајка Стефани Нили (29), затворски службеник од Потоси, откри дека сега се соочува со сериозни компликации на црниот дроб и дека лекарите го продолжиле неговиот престој во одделот за интензивна нега за дополнителни тестови, со што е одложен планираниот трансфер во рехабилитациски центар.

Чудо на преживување: Дете падна од 73 метри и три дена преживеа во провалија без храна и вода

Пад во провалијата и драматично исчезнување: Семејството бара помош, а полицијата не верува

Коди исчезнал на 27 јули, откако последен пат бил виден како вози скејтборд кај езерото Гус Крик, недалеку од куќата на неговата баба. Семејството веднаш пријавило исчезнување, но полицијата прво претпоставила дека станува збор за типично бегање на малолетник, што ги уништило надежите на неговите најблиски. Одлучни да не се откажат, семејството организирало потрага со помош на противпожарната служба и колеги на мајката од затворот, заедно со нејзиниот сопруг Џеред.

Пад во провалијата и драматично исчезнување: Семејството бара помош, а полицијата не верува

Ретко чудо: Како беше пронајден Коди по три дена, едвај жив

На крајот, токму потрагите организирани од семејството, со помош од доброволното противпожарно одделение на сестрата на Нили и колегите затворски службеници од затворот каде што работи Нили, доведоа до пресврт во потрагата. Неговиот скејтборд бил откриен од неговиот помал брат Стивен, на околу 800 метри од нивната куќа, а потоа К9 единица открила дека Коди е на дното на провалијата, едвај жив. Мајка му слушнала преку радиото: „Го најдовме, жив е“ .

Ретко чудо: Како беше пронајден Коди по три дена, едвај жив

Како преживеал?

Трите и пол дена сам на дното од провалијата го ставиле Коди во страшни услови со опасна жега. Според мајка му, токму случајностите го спасиле – густата вегетација му обезбедила сенка, а лежел во неколку сантиметри вода што ја одржувала неговата телесна температура и можеби делумно го хидрирала, иако бил екстремно дехидриран. Ова го нарекуваат „совршена бура на среќни околности“.

Како преживеал?

Нова борба во болница

Коди бил пренесен со хеликоптер во болница во Сент Луис и помина л11 дена во медицински предизвикана кома, приклучен на респиратор. По будењето, почнал да зборува, но патувањето до целосно оздравување е долго: зборува забавено, се мачи со краткотрајна амнезија и сега се појавија нови проблеми со црниот дроб. Мајка му, Стефани, вели: „Се надевавме на добри вести, но неговите ензими се премногу високи, можно е да му треба операција“. Семејството останува храбро и подготвено на долга рехабилитација, со надеж дека Коди ќе се врати на нозе и до нормален живот.

Нова борба во болница