Чудо сред Африка: Хотентотите– племето со најголеми задници во светот
Хотентотите, или како што себеси се нарекуваат – кœ-кœин, отсекогаш се издвојувале меѓу другите народи во Африка и пошироко. Нивниот изглед, традициите, но и судбината предизвикаа збунетост кај Европјаните, кои ги сметаа за скоро вонземјани, а дури и други Африканци често ги гледаа како „туѓи меѓу своите“.
In This Article:
Името Хотентоти– навреда создадена од колонисти поради нивниот „чуден“ јазик
Името „Хотентоти“ не е само погрешно, туку за овие луѓе и навредливо. Холандските колонисти го измислија во XVII век, потсмевајќи им се на нивниот јазик полн со кликaчки звуци, што Европејците ги асоцирало на пелтечење. За самите кœ-кœин тие звуци носат длабоко значење и ги поврзуваат со природата и духовите на нивните предци. Денес, во Намибија и Јужна Африка употребата на „Хотентоти“ се смета за груба, а Khoekhoe достоинствено го негуваат своето античко име. Khoekhoeзначи „вистински луѓе“ на нивниот јазик.
Необичен изглед, најстара генетика и трагични традиции: кœ-кœин како мистичка врска со првите луѓе на светот
Хотенотите имаат специфична боја на кожа, потемна од мед, но не црна, со нисок раст и црти кои потсетуваат на монголоидна раса. Студиите покажуваат дека носат древна Y-хромозома и можеби се дел од најстарите корени на човештвото. Заедницата им е организирана во краали (мали населби), но нивниот животен век е силно намален поради алкохолизмот и болестите донесени од колонизацијата. Некогаш се сметало дека од нив потекнуваат сите раси. Тие практикувале и болни ритуали. Кај жените, со хируршки зафати ја отстранувале таканаречената „престилка“ – кожна наборена висулка под стомакот што се сметала за неестетска. Кај мажите, пак, се вршел опасен обичај на отстранување на еден тестис, со верување дека така ќе се избегне раѓање на близнаци. Овие практики често имале трагичен исход.
Стеатопигија кај жените ги шокира
Жените на овој народ имаат феномен познат како стеатопигија – големо натрупување масно ткиво на колковите и задникот. Овој уникатен изглед предизвика фасцинација и одбивност кај Европејците. Најпозната од нив, Сарти Бартман, беше однесена во Европа каде ја изложуваа како „чудовиште“, а нејзиниот живот остана симбол на болната експлоатација на различното од колонијалните сили.
Од геноцид до препород
Колонизацијата на Африка од Холанѓаните во XVII век донесе војни, одземање на земја и најсмртоносни болести – вариолата речиси го истреби народот. Од огромна популација останаа само мали заедници кои денес живеат главно во резервации, најчесто сиромашни и со краток животен век. Но, KhoeKhoe и понатаму го слават својот идентитет: ги негуваат старите ритуали, го чествуваат богот на небото Хума, го молат за дождот заштитникот Сума, слават легендарни предци и знаат – нивната историја и култура се извор на неизмерна сила и гордост дури и по сите страдања.