No Image x 0.00 + POST No Image

На црвенокосите често им треба повеќе анестезија – и уште 9 неверојатни факти за уникатните „џинџери“

SHARE
0

Црвенокосите се навистина уникатни, и не само по изгледот. Денес црвената коса се смета за убава и фасцинантна, но низ историјата, често им биле препишувани негативни особини. Во антички цивилизации, па и во средновековна Европа, црвените нијанси често се поврзувале со лош карактер или дури вештерство. И покрај сѐ, науката денес нѝ покажува дека црвенокосите заслужуваат респект за сите нивни генетски посебности.

На црвенокосите често им треба повеќе анестезија – и уште 9 неверојатни факти за уникатните „џинџери“

Само 2% од светската популација имаат природно црвена коса

Црвенокосите се една од најретките групи во светот – помалку од 2% од луѓето имаат природна црвена боја на коса. Овој процент ги прави црвенокосите вистинска реткост.

Само 2% од светската популација имаат природно црвена коса

Двата родитела мора да бидат носители на генот MC1R за да имaаt црвенокосо дете

Црвената коса настанува поради мутираниот MC1R ген. За некое дете да има црвена коса, двајцата родители мора да го носат овој ген – дури и да не се црвенокоси самите тие. Ако двата родители се носители, шансите се 25% нивното дете да биде црвенокосо. Околу 4-5% од луѓето го носат овој ген.

Двата родитела мора да бидат носители на генот MC1R за да имaаt црвенокосо дете

На реклами врие од црвенокоси, иако тие се многу редок феномен во реалноста

И покрај нивната реткост, црвенокосите се постојано застапени во реклами. Според истражување од 2014 година, во дури 30% од телевизиските реклами има црвенокоси, што е далеку повеќе од нивното реално учество во популацијата. Најмногу црвенокоси има во Шкотска и Ирска.

На реклами врие од црвенокоси, иако тие се многу редок феномен во реалноста

Најретка комбинација: црвена коса и сини очи – само 0,17% шанси

И да имате црвена коса е ретко, ама комбинацијата со сини очи е вистинска генетска сензација. Само 0,17% од луѓето во светот имаат и црвена коса и сини очи истовремено.

Најретка комбинација: црвена коса и сини очи – само 0,17% шанси

Црвенокосите почесто се левораки поради комбинација на рецесивни гени

Истражувањата покажуваат дека рецесивните особини често доаѓаат во парови. Тоа значи дека црвенокосите луѓе имаат поголеми шанси да се левораки, во споредба со останатата популација.

Црвенокосите почесто се левораки поради комбинација на рецесивни гени

Потребна е поголема доза анестезија – и црвенокосите побрзо ја чувствуваат болката

Мутацијата на MC1R генот прави црвенокосите да воведуваат помал ефект на одредени видови анестезија. Лекарите мора да имаат ова предвид, бидејќи има случаи кога на црвенокосите им е потребна до 20% поголема доза за ист ефект. Дополнително, некои истражувања покажуваат дека тие се поосетливи на одредени видови болка.

Потребна е поголема доза анестезија – и црвенокосите побрзо ја чувствуваат болката

Црвенокосите имаат помалку влакна, но тие се подебели и изгледаат погусто

Иако изгледаат како да имаат многу коса, црвенокосите во просек имаат приближно 90.000 влакна на главата (наспроти 140.000 кај бринети). Но, секое влакно е подебело, па косата изгледа побујна и погуста.

Црвенокосите имаат помалку влакна, но тие се подебели и изгледаат погусто

Познато е дека имаат повисок ризик од неколку видови рак

Очекувано, поради нивната светла кожа, црвенокосите се почувствителни на ракот на кожа. Но, науката покажува и поголема веројатност за појава на рак на грлото на матката, јајници и колоректален карцином кај црвенокосите лица.

Познато е дека имаат повисок ризик од неколку видови рак

Црвенокоси луѓе се присутни меѓу сите раси и етнички групи

Иако најчести се меѓу луѓето со северноевропско потекло, црвената коса може да се појави кај секоја раса или етничка припадност – единствено треба да се совпаднат гените. Нашите џинџер-пријатели навистина се посебни по секој основ.

Црвенокоси луѓе се присутни меѓу сите раси и етнички групи