No Image x 0.00 + POST No Image

Црвена звезда со хит-објава за нашиот Гаштаров: Голот против Гент го пуштија со легендарната „Стани моме да заиграш“

SHARE
0

Матеј Гаштаров со одличните игри се наметна во првиот тим на Црвена звезда, а погодокот против Гент во Белгија дојде како заслужена кулминација за сето она што младиот Македонец го направи за својот тим.

Црвена звезда со хит-објава за нашиот Гаштаров: Голот против Гент го пуштија со легендарната „Стани моме да заиграш“

Младиот Македонец веќе е на радарот на европските скаути

Нашиот репрезентативец го привлекува вниманието на скаутите на големите европски клубови, а медиумите го поврзуваат со сериозна вредност изразена во милиони на трансфер-пазарот. Сепак, Гаштаров, барем засега, е максимално концентриран на задачите што му ги дава тренерот Риера.

Младиот Македонец веќе е на радарот на европските скаути

Официјалниот ТикТок на Звезда го спои голот во Белгија со „Стани моме да заиграш“

Во меѓувреме, официјалниот ТикТок-канал на Црвена звезда го искористи специфичниот дух на платформата за да направи најоткачена верзија на голот на популарниот Гашта во Белгија. Овој пат, видеото од мајсторскиот погодок на македонскиот фудбалер е искомбинирано со легендарната македонска песна „Стани моме да заиграш“, што веднаш предизвика лавина позитивни реакции и коментари од навивачите и во Македонија и во Србија.

Официјалниот ТикТок на Звезда го спои голот во Белгија со „Стани моме да заиграш“

-->