Човекот што го носи името Адолф Хитлер на чекор до нова изборна победа во Африка
Политичар од Намибија, кој случајно го носи името на омразениот нацистички водач, повторно е на чекор до голема изборна победа. Адолф Хитлер Унона веќе ја шокираше јавноста во 2020 година кога убедливо победи на изборите и денес уште еднаш се најде во центарот на вниманието.
In This Article:
- Убедлива победа во 2020 година – Адолф Хитлер Унона освои 85% од гласовите
- Името дадено без разбирање – Таткото на Унона не знаел кој бил Адолф Хитлер
- Јавно се шегува за своето име – Не сакам да освојувам региони, ниту свет
- Партијата SWAPO владее во Намибија од независноста – Унона останува нејзин претставник
Убедлива победа во 2020 година – Адолф Хитлер Унона освои 85% од гласовите
Унона победи на изборите во областа Омундунја со освоени дури 85 проценти од вкупните гласови, што е огормно мнозинство. Оваа победа го претвори во локален феномен и заслужи внимание низ светот, токму поради неговото име што го носи сосема случајно.
Името дадено без разбирање – Таткото на Унона не знаел кој бил Адолф Хитлер
Уона објаснува дека името го добил од својот татко, кој немал поим ни разбирање за тоа што значи името Адолф Хитлер. „Мојот татко ми го даде ова име Хитлер, не разбираше што значи името Адолф Хитлер. Кога бев дете, ова беше само нормално име, но кога пораснав сфатив дека тој човек сакал да го освои светот, па ништо не можев да направам за тоа,“ изјави тој за BBC News.
Јавно се шегува за своето име – Не сакам да освојувам региони, ниту свет
Во изјава за германското списание Bild, Унона се шегуваше за својот несекојдневен избор на име: „Фактот што го носам ова име не значи дека сакам да ја освојувам Ошана (локалниот регион). Не значи дека се стремам кон светска доминација.“
Партијата SWAPO владее во Намибија од независноста – Унона останува нејзин претставник
Покрај контроверзното име, Унона е истакнат претставник на партијата SWAPO, која отсекогаш владее со Намибија од нејзиното осамостојување во 1990 година. Прелиминарните резултати покажуваат дека повторно ќе освои мнозинство, но формалниот ден на изборите е среда, 26 ноември.