CNN пишува: „Македонија е достојна за повеќе туристичко внимание"
Еден од најпознатите и највлијателни светски медиуми, CNN, во својот патепис истакнува дека Македонија е дестинација којашто најголемиот број туристи ја заобиколуваат, иако тоа не треба да биде случај. Под потпис на новинарката Морин О'Хара, во статијата се истакнува дека Европа има 44 признати држави, но поголемиот дел од посетителите се фокусираат само на Франција, Шпанија и Италија.
CNN ја опишува Македонија како драматично планинска земја со бујни зелени долини и снежни врвови
Според CNN, Македонија се издвојува како дестинација која туристите ја избегнуваат без добра причина. Во статијата, земјата е опишана како „драматично планинска дестинација“ со „бујни зелени падини и снежни врвови“, како и кујна што се менува од една до друга долина и клима што го прави „зеленчукот крупен и сочен, а лозјата богати и плодни“.
Во текстот се споменуваат новите миграциски бранови и потенцијалот на Македонија за поголема туристичка и општа видливост
Освен туризмот, CNN се осврнува и на трендот сé повеќе Американци да избираат помалку познати европски земји за иселување, како Романија, Бугарија, Словачка, Полска, Албанија и Естонија. Додека традиционално популарните дестинации ги ограничуваат условите, другите нудат нови можности. Иако Македонија не е директно наведена во листата земји погодни за иселување, CNN јасно порачува дека земјата заслужува далеку повеќе внимание, како туристичка, но и генерално како дестинација што вреди да се открие и посети.