No Image x 0.00 + POST No Image

Четири телескопи потврдија дека има нешто ептен чудно во врска со мистериозниот објект што доаѓа кон Сончевиот систем

SHARE
18

Објектот 3I/ATLAS е само третиот интергалактички посетител што човештвото некогаш го видело. Научниците се збунети: неговото однесување и состав не се ни оддалеку како кај познатите комети, туку е многу почудно и неочекувано. Четири најмоќни телескопи во светот го насочија фокусот кон него, а резултатите само ја продлабочуваат мистеријата.

Четири телескопи потврдија дека има нешто ептен чудно во врска со мистериозниот објект што доаѓа кон Сончевиот систем

SPHEREx и Џејмс Веб откриваат: Никогаш досега немало комета со толку висок однос на јаглерод диоксид и вода

Последните мерења покажуваат дека комата – обвивката од мраз и прашина околу јадрото на објектот – има најголем однос на јаглерод диоксид кон вода кој некогаш бил забележан кај комета. Научниците се сомневаат дека можеби се работи за мраз што бил изложен на силно зрачење, или пак објект формиран во сосема различни услови од сè што досега познаваме.

SPHEREx и Џејмс Веб откриваат: Никогаш досега немало комета со толку висок однос на јаглерод диоксид и вода

TESS покажува дека 3I/ATLAS бил активен многу подалеку од Сонцето отколку било која позната комета

Деталната анализа на податоците докажува дека објектот веќе бил светол и активен на растојание од 6 астрономски единици од Сонцето – значително подалеку од Јупитер. Тоа е премногу далеку за традиционална комета да пројави било каква активност. Од каде му е таа енергија?

TESS покажува дека 3I/ATLAS бил активен многу подалеку од Сонцето отколку било која позната комета

Hubble документира необична форма без класичен опаш; дали 3I/ATLAS е всушност вештачки објект?

Телескопот Хабл открива солиден, леден јадро опкружено со „солзеста“ обвивка од прашина, но без типичниот опаш што го имаат кометите кога се приближуваат до Сонцето. Харвардскиот астроном Ави Леб дури и предлага: „Можно е ваков објект да е пуштен од вонземска цивилизација.“

Hubble документира необична форма без класичен опаш; дали 3I/ATLAS е всушност вештачки објект?

Сè уште не знаеме од каде доаѓа – но наскоро може да добиеме одговори кога ќе го следат од Марс и Јупитер

Стручњаците сметаат дека 3I/ATLAS бил изложен на повисоки нивоа на радијација отколку каква било комета од нашиот Сончев систем, или можеби се формирал блиску до линијата на јаглерод диоксид во неговиот матичен протопланетарен диск. Објектот наскоро ќе мине блиску до Марс, Венера и Јупитер. Се предлага да го потсраува Марсовиот извиднички орбитер, а пет месеци подоцна ќе има пресретнување и со вселенското летало Јуно. Дали тогаш научно ќе ја откриеме неговата вистинска природа?

Сè уште не знаеме од каде доаѓа – но наскоро може да добиеме одговори кога ќе го следат од Марс и Јупитер