BYD и SinoHytec тргнаа по чист пат - нова серија водородни камиони ќе ги освојуваат патиштата
BYD и SinoHytec го носат водородот на автопатот. Тие претставија нова серија на товарни возила на водородни горивни ќелии, наменети за тешки транспортни задачи – со нулта емисија и побрзо полнење од класичните електрични возила. Овој чекор не е само маркетинг – туку вистински поместувања кон одржлива логистика на големо ниво. Новите камиони можат да изминат големи растојанија без долго време на мирување, што ги прави идеални за индустриски превоз. Водородната технологија станува сѐ позначајна алтернатива во глобалната транзиција кон почиста енергија.