Бугарите ептен се испозанесоа: Сега го блокираат и отворањето на Кластер 3 за Србија во преговорите со ЕУ
Во Брисел, пристапните преговори на Србија повторно застанаа пред ѕид: Бугарија е меѓу земјите-членки на Европската Унија што се спротивставуваат на следниот чекор. Одлуката не зависи од мнозинство, туку од целосна согласност, а токму таму се отвори новата блокада.
In This Article:
Холандија, Шведска, Финска, Белгија, Естонија, Литванија и Хрватска застанаа на истата страна
На состанокот на амбасадорите на земјите-членки во Брисел, против отворањето на Кластер 3 во пристапните преговори со Србија се изјасниле вкупно осум држави, меѓу кои и Бугарија. Така, прашањето од техничка процедура прерасна во јасен политички сигнал кон Белград.
Без согласност од сите 27 членки нема отворање на следниот дел од преговорите
Кластер 3 ги опфаќа областите поврзани со конкурентноста и инклузивниот раст. За негово отворање е потребна едногласна согласност од сите членки на Европската Унија, што значи дека секоја поединечна држава може да го запре процесот.
Европската комисија гледа напредок, противниците бараат повеќе гаранции
Европската комисија смета дека Србија направила напредок во неколку области, меѓу кои реформите во судството, изборната рамка и слободата на медиумите. Сепак, дел од земјите-членки сметаат дека остануваат сериозни прашања поврзани со владеењето на правото и неусогласувањето на Белград со санкциите на ЕУ кон Русија. Франција и дел од европските претставници го поддржуваат отворањето на кластерот, додека противниците бараат дополнителни гаранции и напредок во реформите.