No Image x 0.00 + POST No Image

Британија ќе ги стеснува патиштата, за да не може автомобил да претекне велосипед

SHARE
0

Патните ленти низ цела Британија ќе се стеснуваат за да се спречи претекнување на велосипедистите, како дел од новата стратегија на властите против возачите. Според препораките што неодамна тивко беа објавени на веб-страницата на Владата, стандардната ширина на патна лента што важеше речиси 150 години – 3,66 метри – повеќе не е соодветна поради ризикот за безбедноста на велосипедистите.

Британија ќе ги стеснува патиштата, за да не може автомобил да претекне велосипед

In This Article:

Новите упатства налагаат локалните патни ленти да бидат тесни до 3,25 метри или да се прошируваат над 3,9 метри

Наместо досегашните 3,66 метри, локалните патни ленти или ќе се стеснат на максимум 3,25 метри или ќе се прошируваат на најмалку 3,9 метри. Критичарите предупредуваат дека поради ограничениот простор, лентите во градовите многу почесто ќе се стеснуваат. Во препораките е наведено дека така ќе биде појасно на возачите дека нема доволно простор за безбедно претекнување на велосипедистите, како и дека велосипедистите треба да возат поцентрално.

Новите упатства налагаат локалните патни ленти да бидат тесни до 3,25 метри или да се прошируваат над 3,9 метри

Промените се наметнати од државната агенција Active Travel England, а општините кои нема да ги следат, ќе се соочат со намалување на средствата

Овие препораки ги изготви Active Travel England (ATE), владина агенција. Тие ќе влијаат на идни проекти вредни милијарди фунти за изградба на патишта. Министерството за транспорт објави дека општините кои нема да ги почитуваат препораките, можат да очекуваат намалување на средствата за транспорт.

Промените се наметнати од државната агенција Active Travel England, а општините кои нема да ги следат, ќе се соочат со намалување на средствата

Возачките здруженија алармираат: Стеснувањето ќе ја зголеми сообраќајната гужва и ќе ги поттикне конфликтите меѓу возачите и велосипедистите

Брајан Грегори од Алијансата на британски возачи изјави: „Ако ги успорите возачите и ги натерате да возат со брзината на велосипедите по тесните патишта, тоа е огромна економска цена за државата во изгубено време. Целта е да го направат возењето непријатно, наместо да се поттикне соработка и безбедно користење на патиштата. Ова е само казнување на возачите. Потполно безумно.“ Хауард Кокс, основач на FairFuelUK изјави: „Стеснувањето на веќе пренатрупаните патишта поради малкумината велосипедисти нема никаков смисол. Ќе доведе до повеќе гужви, фрустрација, гнев, и ќе влијае штетно врз малите бизниси и градската трговија. Active Travel England и Министерството за транспорт треба да се фокусираат на тоа велосипедистите да ги користат патиштата поодговорно, наместо постојано да ги казнуваат возачите.“

Возачките здруженија алармираат: Стеснувањето ќе ја зголеми сообраќајната гужва и ќе ги поттикне конфликтите меѓу возачите и велосипедистите

Претседателот на AA и велосипедист: Нереално е да се менуваат сите патишта, ова не е Америка!

Едмунд Кинг, претседател на AA и велосипедист, предупредува: „Невозможно и непрактично е да се менува ширината на сите патишта кои се создавале уште од римско време. Ова не е Америка, каде што има простор за такви радикални измени. Британските патишта секогаш ќе бараат одредено разбирање и толеранција, што не може да се регулира само со прописи.“

Претседателот на AA и велосипедист: Нереално е да се менуваат сите патишта, ова не е Америка!

Нови препораки по промената на Законот за сообраќај во 2022: Во ленти од 3,66 метри возачите често се обидуваат опасно да претекнат велосипедисти

ATE посочува дека возачите кои возат во стандардна лента од 3,66 метри често се обидуваат да претекнат велосипедисти кога нема доволно простор, зголемувајќи го ризикот од судири. Лентите пошироки од 3,9 метри го намалуваат ризикот, но сепак можеби немаат доволно простор за безбедно претекнување. Тесните ленти од 3,25 метри, според препораките, јасно покажуваат на возачите дека мора да бидат трпеливи и да не претекнуваат.

Нови препораки по промената на Законот за сообраќај во 2022: Во ленти од 3,66 метри возачите често се обидуваат опасно да претекнат велосипедисти

Иако препораките не се законски обврзувачки, се толкуваат како стандард и општините се очекува да ги следат

Во новите упатства директно се вели: „...се препорачува ленти со широчина од 3,25 до 3,9 метри да се избегнуваат.“ Иако препораките не се обврзувачки по закон, тие важат како пример за добра практика, а од општините се очекува да ги следат. Министерството за транспорт објави: „Никогаш не постоеле законски обврзувачки стандарди за ширината на патиштата и тоа останува непорменето.“

Иако препораките не се законски обврзувачки, се толкуваат како стандард и општините се очекува да ги следат

Британската Влада негира дека води војна против возачите, објавува инвестиции и поддршка за патната инфраструктура

Министерството тврди дека тврдењата за „војна против возачите“ се невистинити и ги искривуваат препораките. „Владата е на страната на возачите. Само во последната година, вложивме дополнителни 500 милиони фунти за помош на локалните власти со патната мрежа, обезбедивме 1 милијарда фунти за поправка на мостови, надвозници и тунели, и одобривме над 30 проекти за подобрување на патиштата низ земјата.“

Британската Влада негира дека води војна против возачите, објавува инвестиции и поддршка за патната инфраструктура